Мевот на Париз: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
Нема опис на уредувањето
Ред 24:
[[Податотека:ZolaBellyParis.jpg|мини|десно|220px|Мевот на Париз]]
 
'''''Мевот на Париз''''' ({{lang-fr|Le Ventre de Paris }}) – третиот роман на Емил Зола од дваесеттомниот серијал ''[[Ругон-Макарови]]'' издаден во 1873 година. Дејството на романот е сместено околу [[Ле Ал]], огромен, централен пазар на [[Париз]] во 19 век. Ле Ал, обновен во леано железо и стакло во време на [[Второ Француско Царство|Второто Царсто]] бил обележје на модерноста на градот, центар за трговија на големо и мало на просперитетната прехранбена индустрија. ''Мевот на Париз'' е првиот роман на Зола целосно насочен на [[работничка класа|работничката класа]].
 
Главен јунак е Флоран, избеган [[политички затвореник]] по грешка уапсен по [[Државен удар во Франција во 1851|Државниот удар во 1851 година]]. Тој се враќа кај својот полубрат Кени, кој има продавница за сувомесни производи, и неговата жена Лиза Кени (моминско Макар), каде наоѓа прибежиште. Тие му наоѓаат работа на пазарот како рибен инспектор. Откако биле вмешан во неуспешен социјалистички заговор против Царството, Флоран е уапсен и повторно депортиран.