Сергеј Брин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Развој на Машината за Пребарување: Јазично подобрување, replaced: сервери → опслужувачи
с →‎Развој на Машината за Пребарување: Јазична исправка, replaced: веб преба → преба (2)
Ред 40:
 
== Развој на Машината за Пребарување ==
За време на студиите на Стенфорд, тој го запознал [[Лари Пејџ]]. Во едно неодамнешно интервју за списанието [[Економист]], Брин на шега рекол: "Ние сме и двајцата неподносливи." Тие не се согласувале на повеќето теми. Но, откако поминале одредено време заедно, тие станале интелектуални сродни души и блиски пријатели. Фокусот на Брин бил насочен на развојот на системи за податоци, додека Пејџ бил сконцентиран на концептот на заклучок на значењето на истражувачкиот труд од своите цитати во други документи. Заедно, и двајцата се автори на она што се смета дел од нивниот неоспорен придонес, труд со наслов [[Анатомија на голем Хипертекстуален веб пребарувач]].
 
Комбинирајки ги нивните идеи, тие ја преполниле нивната домска соба со евтини компјутери и го тестирале нивниот нов веб пребарувач. Нивниот проект се проширил доволно брзо за да предизвика проблеми во компјутерската инфраструктура на Стенфорд. Но, тие сфатиле дека успеале да создадат супериорна машина за пребарување на интернет и ги прекинале нивните докторски студии за да работат повеќе на нивниот систем. Барајќи средства од членовите на факултетот, семејството и пријателите, Сергеј и Лари собрале доволно за да се купат некои опслужувачи и за изнајмување на фамозната гаража во Менло Паркот. Наскоро потоа, соосновачот на [[Sun Microsystems]], [[Endi Bechtolsheim]] напишал чек во висина од 100.000$ на [[Google Inc.]], но единствениот проблем бил тоа што [[Google Inc.]] сè уште не постоела - компанијата се уште не била инкорпорирана. За две недели, откако ги средиле документите, младите луѓе немале каде да ги депонираат парите.
 
Списанието Економист го опишува мислењето на Брин за животот, како и на Пејџ, врз основа на визијата сумирана во мотото на Google, “овозможување на сите светски информации да бидат универзално достапни и корисни“. Другите ја споредуваат нивната визија со влијанието на [[Јоханес Гутенберг]], изумителот на модерното печатење: "Во 1440, Јоханес Гутенберг воведе во Европа механичко печатење, печатење на Библии за широка потрошувачка. Технологијата овозможува книгите и ракописите, реплицирани со рака, да се печатат со многу побрзо темпо, со што се шири знаењето и помага да се влезе во ренесансата Европа. Google има направено слична работа". Споредбата била, исто така, забележана и од страна на авторите на приказната за [[Google]]: "Од Гутенберг наваму нема ниеден нов изум од овластени лица, и трансформиран пристап до информациите, толку добро како [[Google]]".