Разлика помеѓу преработките на „Изгубениот хоризонт“

Додадени 4.624 бајти ,  пред 7 месеци
дополнување
с
(дополнување)
'''„Изгубениот хоризонт''' ([[англиски]]: ''Lost Horizon'') - американски [[филм]] од 1937 година, во [[режија]] на [[Френк Капра]]. Главните улоги ги толкуваат: [[Роналд Колман]], [[Џејн Вајат]], Џон Хауард, Томас Мичел, Изабел Џуел, Марго, Сем Џафи и Едвард Еверет Хортон. „Изгубениот хоризонт“ своевремено го сметале за предолг, па за потребите на прикажувањето во кино-салите бил многу скратен. Поради тоа, некои делови од филмот данас се сметаат за изгубени. Во најкомплетната верзији на филмот, употребен е сочуваниот тонски запис, но за некои сцени нема слика така што тие се покриени со [[Фотографија|фотографии]] од снимањето. Прескап, скратен и слабо прифатен во времето кога бил снимен (иако освоил два „[[Оскар]]а“), „Изгубениот хоризонт“ данас се смета за ремек-дело.<ref>[https://www.rts.rs/page/tv/ci/story/18/rts-2/4309940/izgubljeni-horizont.html РТС, Изгубљени хоризонт (пристапено на 5.4.2021)]</ref>
 
==Синопсис==
Во [[Кина]] избувнува [[револуција]] и голем број луѓе настојуваат да побегнат. На еден [[аеродром]] во внатрешноста на Кина, неколку [[Британци]] и [[Американци]] во последен миг успеваат да се качат во [[авион]]от кој треба да ги однесе во [[Шангај]]. Тие се: британскиот [[дипломат]] Роберт Конвеј (го игра Конвеј), неговиот брат Џорџ (го игра Хауард), бизнисменот Барнард (го игра Мичел), [[Палеонтологија|палеонтологот]] Ловет (го игра Еверет Хортон) и болната жена Глорија. Авионот полетува, но патниците не се свесни дека, наместо пилотот, со него управува еден [[Кинез]]. Дури утредента, во текот на летот, тие откриваат дека авионот лета кон запад. Летајќи над [[Хималаи]]те, [[авион]]от се урива, а пилотот погинува. Патниците се избезумени, плашејќи се за своите животи, но нив ги спасуваат жителите на таинствената земја Шангри-ла, која се наоѓа на [[Тибет]] и од сите страни е опкружена со високи, непристапни планини. На почетокот, патниците се изненадени од земјата која е многу слична на [[рај]]от: времето е секогаш убаво, насекаде владее братска [[љубов]], луѓето живеат во заедништво и сите се [[Среќа|среќни]]. Шангри-ла му изгледа на Конвеј како идеално место за да остане да живее, но неговото воодушевување не го делат останатите патници кои инсистираат да се вратат дома, а особено е нервозен брат му Џорџ. Во Шанги-ла, Конвеј ја запознава Сондра (ја игра Вајат) и се вљубува во неа, додека девојката Марија (ја игра Марго) се вљубува во Џорџ. По средбата со врховниот [[свештеник]] (го игра Џафи), Конвеј открива неверојатни нешта: младата Марија има над 100 години, свештеникот е стар над 200 години, а него го грабнале и го донесле во Шанги-ла благодарение на Сондра, која ги читала неговите книги. По некое време, и останите патници добиваат желба да останат во Шанги-ла, освен Џорџ, кој сака да си замине по секоја цена. По смртта на врховниот свештеник, за негов заменик е поставен Конвеј, но Џорџ и Марија решаваат да си заминат. Марија го убедува Конвеј дека приказните за долговечниот живот во Шанги-ла се измислици и Конвеј им се придружува на бегалците. Меѓутоа, нивните водичи предизвикуваат лавина и така Конвеј, Џорџ и Марија остануваат заробени во планината. Надвор од волшебната земја, Марија наеднаш станува старица и умира, а очајниот Џорџ се фрла во провалија. Конвеј талка низ планината, обидувајќи се да го најде патот до Шангри-ла и со последни сили пристига во едно село. Потоа, еден британски лорд го пренесува во Шангај, а во татковината се проширува веста за појавата на Конвеј, кој го загубил сеќавањето. Меѓутоа, откако повторно му се враќа сеќавањето, Коневј успева да му побегне на лордот и повторно се враќа во Тибет. Филмот завршува така што тој пристигнува во Шанги-ла. <ref>[https://www.rts.rs/page/tv/ci/story/18/rts-2/4309940/izgubljeni-horizont.html РТС, Изгубљени хоризонт (пристапено на 5.4.2021)]</ref>
Бегајќи со авион од [[револуционер]]ите, британскиот [[дипломат]] Роберт Конвеј (го игра Ковеј) и група луѓе летаат над [[Хималаи]]те, но [[авион]]от се урива. Патниците ги спасуваат жителите ан таинствената земја Шангри-ла, место кое е многу слично на [[рај]]от. Заштитена со планини од светот, Шангри-ла му изгледа на Конвеј како идеално место за да остане да живее, но неговото воодушевување не го делат останатите патници...<ref>[https://www.rts.rs/page/tv/ci/story/18/rts-2/4309940/izgubljeni-horizont.html РТС, Изгубљени хоризонт (пристапено на 5.4.2021)]</ref>
 
== Наводи ==
[[Категорија:Филмови со Џон Хауард]]
[[Категорија:Филмови со Едвард Еверет Хортон]]
[[Категорија:Филмови со Томас Мичел]]
[[Категорија:Филмови со Марго]]
[[Категорија:Филмови со Сем Џафи]]
[[Категорија:Филмови со Изабел Џуел]]
[[Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Тибет]]
[[Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Кина]]