Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Михаил: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 19:
== Рани години ==
Г.Г. Михаил е роден е во [[Ново Село (штипска населба)|Ново Село]], [[Штипско]], во [[1912]] година, како Методи Гогов. Како дете бил слаб и со кревко здравје, па по желба на неговата мајка Санда, шестгодишното дете редовно ќе ги посетува богослужбите и ќе се грижи за чистотата на црквата. По завршувањето на основното образование, тој во [[1927]] година се запишал [[Битолска богословија|богословијата]] во [[Битола]]. Во [[1932]] година заминал на студии во [[Белград]] на Богословскиот факултет, каде што дипломирал во 1936 година како најдобар студент во генерацијата. Како авторитет меѓу студентите влегува во редовите на македонскиот кружок за да биде назначен за секретар на студентското здружение на Богословскиот факултет, а го подготвувал и студентското теолошко списание како главен уредник.
По дипломирањето присилно бил мобилизиран во српската војска, при што неколкупати бил осудуван од Воениот суд. Пред војната дошол во Штип и кратко време предавал веронаука во штипската гимназија, но со судска казна за дела против интересите на царот и царска Србија, набргу бил депортиран во [[Ужице]] за да предава српска пропагандна веронаука.
|