Зелениково: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Историја: Правописна исправка, replaced: еесети → еесетти (2)
Нема опис на уредувањето
Ред 28:
За настанокот и развитокот на населбата Станица Зелениково од најголемо значење биле сообраќајот и трговијата<ref name="ReferenceD">Трифуноски Ф.Јован. „Поречието на Кадина Река“. Филозофски факултет Скопје, 1952&nbsp;г. стр.99</ref>. Железничката станица на пругата [[Скопје]] - [[Солун]] била изградена уште во [[1873]] година<ref name="ReferenceD"/>. Во [[1928]] година куќа изградил Арсовски Диме, трговец од [[Велес]], кој бил првиот доселеник кој се населил околу станицата за постојано, а по него започнало да се доселува и друго население, претежно трговци и занаетчии<ref name="ReferenceD"/>. До крајот на Втората светска војна во Станица Зелениково имало 3 бакалници, 2 меани и по една фурнаџиска, месарска, кројачка, берберска и ковачка работилница, а преку оваа населба се вршела и трговијата и извозот на дрва и [[ќумур]] од планинските села од поречието на [[Кадина Река]]<ref name="ReferenceE">Трифуноски Ф.Јован. „Поречието на Кадина Река“. Филозофски факултет Скопје, 1952&nbsp;г. стр.99-100</ref>. Поради својата централна положба за повеќе села од поречието на [[Кадина Река]] и [[Таорска Клисура|Таорската Клисура]] во ова место и денес е седиштето на [[Општина Зелениково]] и централното основно училиште и сите административни и поголеми економско-стопански објекти. За време на Втората светска војна бил изграден регулационен план за населбата, а населението започнало со изградба на црква која сакале да ја посветат на Свети Наум<ref name="ReferenceE"/>.
 
По ослободувањето и големиот развој во шеесеттите и седумдесетите години на ХХ век во Зелениково и Станица Зелениково започнува да се доселува огромен број на [[Македонци|македонско]] население од блиските и соседни села [[Градовци]], [[Ново Село (Зелениковско)|Ново Село]], [[Пакошево]], а се доселиле и [[Македонци]] од други поблиски и подалечни краишта како селото [[Карабуниште]] и други села во [[Велешко]], па дури и од краишта во [[Западна Македонија]] како [[Охридско]] и [[Кичевско]], претежно како работници на железничката пруга, но и како земјоделци. Населбата Станица Зелениково е основана на земјиште кое припаѓало на соседното село [[Страхојадица]]<ref>Трифуноски Ф.Јован. „Поречието на Кадина Река“. Филозофски факултет Скопје, 1952&nbsp;г. стр.100</ref>, поради тоа во шеесеттите години на ХХ, муслиманите од тоа село кои се иселувале во [[Турција]] дел од своите имоти ги продале на [[Бошњаци]] од областа [[Србија|Санџак во Србија и Црна Гора]] кои исто така биле на пат за иселување во Турција, па така сосема на самиот крај на населбата после железничката станица и последната станица на автобусот 67 има помал број на куќи во кои живеат [[Бошњаци]].
 
===Потекло и значење на името===