Општина Зелениково: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Исправка на помешани латинични букви меѓу кириличните, replaced: Географиja → Географија, Историja → Историја
Нема опис на уредувањето
Ред 27:
 
== Географија ==
Општина Зелениково е општина во северниот дел на [[Република Македонија]], сместена во крајниот југоисточен дел на Скопската Котлина во близина на градот [[Скопје]]. Поточно општината Зелениково се наоѓа во горното Повардарие, во средото течение на реката [[Вардар]] во близина на сливот на [[Кадина Река]] и [[Пчиња]]. Територијата на општина Зелениково зафаќа површина од 176,95 km2 . Општината Зелениково се граничи со 4 општини и тоа: [[Велес]] од југ и југоисток, [[Чашка]] од југ, [[Студеничани]] од запад и [[Петровец]] од север и североисток. Самата општина има изразит рурален карактер и во своите граници опфаќа 14 населени места, од кои сите селски населби. Населението на општина Зелениково брои 4077 жители , што во однос на големината на територијата на општината покажува дека општина Зелениково има густина на населеност од 23,04 жители на km2, што ја вбројува во редот на ретко населени подрачја. Седиштето на општината е во село Зелениково, а градоначалник е Борче Гиевски.
 
== Историја ==
Ред 35:
 
== Стопанство ==
Населението во Општина Зелениково се занимава со примарни и секундарни стопански дејности. Најразвиено е земјоделството односно полјоделството и сточарството. Поради поволноста на теренот и високата плодност на земјиштето во пределот околу реката [[Вардар]] е најзастапено полјоделството, пред сè одгледувањето на житни култури (пченица, јачмен, овес, ’рж, пченка), градинарски култури (зелен пипер, домат, морков, кромид, лук, спанаќ, марула) како и индустриските култури (луцерка, фуражна пченка, детелина). Идеалните услови кои ги нудат ридските предели на општина Зелениково, последната деценија повторно го вратија и развија сточарството посебно козарството, по кое оваа општина е далеку позната, пред сè по прочуеното козјо сирење и млеко од неколкуте млекарници од [[Таор]], [[Пакошево]] и [[Зелениково]]. Покрај козарството, доста развиено е и овчарството. Покрај земјоделството и сточарството развиено е и индустриското производство во прехранбената индустрија и фабриката за компјутерски микрочипови во село [[Орешани]].
 
== Демографија ==
Ред 108:
 
== Културни и природни знаменитости ==
На територијата на Општина Зелениково се наоѓаат повеќе културно-историски споменици и знаменитости. Во близината на селото [[Таор]] се наоѓа археолошкото наоѓалиште со остатоците од античкиот град [[Тауресиум]] во кој е роден византискиот цар [[Јустинијан I]]. Исто така во рамките на општината Зелениково се наоѓаат повеќе постари средновековни цркви и манастири меѓу кои: познатиот манастир „Свети Архангел Гаврил“ во селото [[Зелениково]] од XIV век, возобновен во 1845/46 година, манастирот „Свети Ѓорѓија“ и црквата „Воскресение Христово“ во [[Зелениково|Станица Зелениково]], црквите „Свети Димитрија“ од XIV век и „Свети Илија“ од XVII век во селото [[Таор]], а во [[Ново Село (Зелениковско)|Ново Село]] постои црквата „Свети Талеа“ од средновековието возобновена во 1896 година.
 
== Редовни настани ==