Маат: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: често пати → честопати
с →‎Маат како божица: Јазично подобрување, replaced: постхумниот → посмртниот
 
Ред 12:
Во [[Дуат]] (Дуант) египетскиот подземен свет, срцето на умрените било мерено со нејзиниот единствен пердув од богот Шу и на тој начин симболично се претставувал концептот за Маат во Халата на Двете Вистини. Срцето кое не било достојно било проголтувано од божицата Амит, а неговиот сопственик бил осуден да остане во Дуат. Оние луѓе кои имале добри и чисти срца биле испраќани во [[Аару]]. Озирис се јавува како чувар на вратите од Аару, откако станал дел од Египетскиот пантеон и го заменил [[Анубис]] од традицијата на Огдоадата.
 
Мерењето на срцето, насликано на папирус (во Книгата на Мртвите што е типична за сцените од гробовите) го прикажува Анубис како го надгледува мерењето, а пак божицата [[Амит]], претставена како лавица, седи и го чека резултатот за да ги проголта оние кои имале неправедни срца. На сликите е прикажано срцето на едниот тас, а пердувот од [[Шу]] на другиот тас од вагата. Други традиции, пак, сметаат дека Анубис ја носел душата пред постхумниотпосмртниот [[Озирис]], кој го изведувал мерењето.
 
Во египетската уметност, обично Маат била насликана како жена со раширени крилја и закривено перо од ној на нејзината глава. Овие слики се појавуваат на некои саркофази како симбол за заштита на душите од умрените. Египќаните верувале дека без Маат ќе имало само почетен хаос и крај на светот. Секој фараон морал да примени праведен закон, следејќи ги принципите на Маат.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Маат