Доминат: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: се до → сè до
с →‎Појавување: Јазично подобрување, replaced: постхумна → посмртна
Ред 7:
Првата фаза на уредување на царската власт, позната под името принципат, која ја карактеризирало формално постоење на сите поранешни републикански уставни институции и обичаи, завршила со кризата во III век (235-284 г.). Таа криза е завршена со стапувањето на прњстолот на царот Диоклецијан, кој улогата и положбата на римскиот цар ја изместил од формалната структура на старите републикански установи, што постоела во текот на првите три века на царството. Тој вовел нов систем на владеење на четворица, т.н. [[тетрархија]]. Исто така, тој ја отфрлил титулата принцепс и отворено го усвоил монархистичкото однесување кон државничките службеници и сите свои поданици.
 
Можеби позначајно од самата титула било усвојувањето на божествениот статус на царот, со соодветниот назив “божествен“ (дивус). [[Деификација]]та (прогласувањето за божествено) првично била постхумнапосмртна почест што [[Римски Сенат|римскиот Сенат]] му ја доделувал на починатиот цар. Подоцна царот, уште додека бил жив, почнал себе си да си го дава називот “божествен“, а тоа често го правел и за членовите на своето семејство.
 
Меѓутоа, историчарите на [[Доцна антика|доцната антика]] негираат дека преминот од принципат на доминат претставувал некаков остар рез во историјата на [[Римско Царство|Римското Царство]]. Всушност, тие сметаат дека се работело за постепена трансформација во рамките на реформата на [[Диоклецијан]], која иако била значајна, претставувала само еден од елементите во таа преодна фаза.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Доминат