Драмско востание: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Припремите за окупација: Правописна исправка, replaced: Борис ІІІ → Борис III
с →‎Пред востанието: Правописна исправка на датум, replaced: јуни, [[1 → јуни [[1, август, [[1 → август [[1
Ред 10:
 
== Пред востанието ==
Градовите [[Драма (град)|Драма]] и [[Кавала]], претставувале силно јадро на работничкото движење во Грција. Доказ за тоа се општинските избори одржани во [[1935]], кога за градоначалник на [[Кавала]] бил избран Парцалидис, а во [[Сер]]ес Менихтас и двајцата припадници на [[Комунистичка партија на Грција|КПГ]]. Како најактивно гратче се посочува [[Просечен]], во чиј округ имало развиена силна мрежа и партиска организација. Кон крајот на јуни, [[1941|1941 година]] Покраинскиот комитет за Македонија и Тракија на [[Комунистичка партија на Грција|КПГ]], донело одлука за формирање на партизански единици и за отпочнување на вооружена борба, што било мал предвесник за Драмското востание.<ref name=":0" />
 
Непосредно пред востанието забележана е активноста на учителот [[Атанас Гениос]] од село Ираклија (Баракли - Џумаја по старо), кој подоцна е познат како комесар на 11<sup>та</sup> дивизија на [[ЕЛАС]] под името Ласанис. Тој во август, [[1941]] се појавува како водач на партизанска чета ''Одисеас Андруцос''. Додека во [[Кукуш]] пак, се појавила друга група под името ''Атанасиос Гијакос''. Одредот ''Одисеас Андруцос'' извел диверзантски напади на полициските станици во селата [[Ефкарпија]] и [[Мавроталаса]], при што до темел ги запалило полициските станици. Втора значајна акција била изведена на [[22 септември]] [[1941]] кога бил нападнат германски конвој во близина на гратчето [[Лахна]]. По ова следел силен одговор од Германските сили, поради кои четите скоро и се расформирале.<ref name=":1" />
 
Нивното возобновување се случило скоро паралелно со окупацијата на оваа територија. Па така, под иницијатива на [[Џанис Апостолос]], [[Барба Параскевас]], [[Мазаракис Арабаџис]], [[Масракис Ламброс]], браќата [[Петрос Крокос|Петрос]] и [[Аргир Крокос]], [[Петар Пастрамџи]], [[Ѓорѓи Бончев]], Николаидис, [[Атанас Карамусули]], [[Георгиос Поридис]] и други, се појавуваат нови форми на организиран отпор и логистички акции. Комитетот на [[Комунистичка партија на Грција|КПГ]] за [[Драма (град)|Драма]], набрзо ќе почне да го издава и дистрибуира илегалниот весник ''Неос Дромос'' (''Нов Пат''), додека повремено биле издавани летоци и на македонски јазик.<ref name=":0" /><ref name=":1" />