Избришана содржина Додадена содржина
→‎Помош: ново заглавие
Ред 85:
== Помош ==
 
Здраво Виолетова. Сакав да те прашам во врска со правописот што не ми е јасно. Во Правописот од 2017 година пишува дека регионите се пишуваат со голема буква на секој дел од зборот. Значи ќе биде Скопски Регион. Е сега исто ли ќе биде кога ќе напишам обратно Регион Скопје (или членувано Регионот Скопје). На пример: „Се наоѓа во Регионот Галилеја“, така? Не мора само за региони, за сè друго. Или Хотел Русија (Хотелот „Русија“), Белградски(от) Универзитет (Универзитет(от) „Белград“)? Сите ли ќе бидат со голема буква и дали да ставам наводници кај имињата на установите само кога се во членувана форма, а на регионите воопшто не се става наводници? Истото и за општини, области, водопади итн. Пр. Колешински Водопад и Водопадот Колешино (без наводници и Водопад со голема)? Исто така, дали архангел Гаврил - архангел ќе биде со голема буква?
 
И дали секогаш кога правиме избројана множино со бројот два и триста, именката има наставка „а“? :) Два телевизора, два месеца, два денара, триста степена итн? Во спротивно се прави само кај едносложни зборови (од машки род кои завршуваат на согласка без разлика дали е два или триста - пет стола), а не кај двосложни, трисложни или повеќесложни? Два молива, три моливи итн. Точно ли е ова? Фала многу! [[User:Andrew012p|Andrew012p]] <small>([[User talk:Andrew012p|разговор]])</small> 14:02, 3 април 2021 (CEST)