Ејми Вајнхаус: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Злоупотреба на супстанции и ментални здравствени проблеми: Јазична исправка, replaced: во предвид → предвид
с Правописна исправка на датум, replaced: 4 Април → 4 април, 7 Јуни → 7 јуни
Ред 46:
Албумот “Back to Black“ бил седми во светот како најпродаван албум за 2008 година. Оваа продажба и е од голема помош на снимената музика на Universal Music за успешно избегнување на намалувањето на нивото што го доживеа севкупниот музички пазар.
Во 2008 на наградите Ivor Novello, Вајнхаус станува првиот изведувач кој добива две номинации за највисоката награда, за најдобра песна, музички и лирски. Таа ја добива наградата за "Love is a losing game" и е номинирана за "You know that I’m no good". Песната “Rehab", победник на Novello за најдобра современа песна во 2006 година, исто така, ја добива номинацијата во 2008 година за најпродавана Британската песна. Вајнхаус е номинирана на MTV Европските награди во категоријата за артист на годината.
Ејми Вајнхаус – The Girl Done Good- документарен преглед во форма на 78-минутен ДВД, е објавен на 14 Априлаприл 2008 година. Документарeцот кој се состои од интервјуа со оние кои ја знаеле на млада возраст, експерти во областа на џез музиката, како и специјалисти за поп-културата и е од голема помош во зацврстување на нејзиниот успех. Видео запис на музиката Вајнхаус е вклучен во областа "Roots and Influences " која се осврнува на поврзаноста меѓу различни уметници во “Rock and Roll Hall of Fame“ анексот во Њујорк, кој бил отворен во декември 2008 година. Нишката започнува со Били Холидеј, продолжува со Арета Френклин, Мери Џ. Блајџ и завршува со Вајнхаус. Во една анкета на жителите на САД, спроведена за VisitBritain од Харис Интерактив, кој бол издаден во март 2009 година, една петтина од анкетираните изјавиле дека ја слушале музиката на Вајнхаус во текот на изминатата година. Вајнхаус настапува со Rhythms del Mundo на нивната преработка напесната на Сем Кук “ Cupid " на добротворен проект за Artists Project Earth кој бил објавен на [[13 јули]] [[2009]] година.
 
== Проекти во 2010 ==
Ред 58:
Турнејата на Вајнхаус започнува со издавањето на албумот “Back to Black“. Таа имаше настапи во септември и ноември 2006 година, вклучувајќи го и добротворниот концерт Little Noise Sessions во Унион Чапел, Исингтон. На 31 декември 2006 година, Вајнхаус се појавува на Annual Hootenanny на Џулс Холанд и ја препева "I Heard It Through the Grapevine" на Марвин Геј, заедно со Пол Велер и оркестарот за ритам и блуз на Холандија. Таа, исто така, ја исполнила песната на Toots & Maytals, "Monkey Man". Потоа добива навала на уште 14 концерти на почетокот на февруари 2007 година. На барање на Брус Вилис, тој ја претставува Вајнхаус пред нејзиниот настап со песната "Rehab" на MTV Филмските награди во 2007. Вајнхаус ги загрижува организаторите на наградите кога заминува на „излет“ во Лас Вегас само неколку часа пред концертот. Во текот на летото 2007 година, Вајнхаус настапува на разни фестивали, меѓу кои и Британскиот Glastonbury фестивал, Lollapalooza фестивалот во Чикаго, како и на музичките фестивали Rock Werchter и Baltimore's Virgin.
Сепак турнејата на Вајнхаус не се одвива како што треба. Во ноември 2007 година, на седумнаесеттиот настап на турнејата таа е исвиркана и голем број од публиката заминуваат од Националната арена во Бирмингем. Музички критичар за Birmingham Mail изјавил дека тоа била "една од најтажните ноќи во мојот живот ... Јас видов еден извонредно талентиран уметник донесен до солзи, како се тетерави на сцената, и незаборавно, ја пцуе публиката." Другите концерти завршиле слично на тоа, се додека на 27 ноември 2007 година не било објавено дека, нејзините настапи и јавни појавувања се откажани до крајот на 2007 година, наведувајќи го лекарскиот совет за земање на комплетен одмор. Во соопштението издадено од страна на концертниот промотер на Live Nation како причина за таа одлука стојат " присуството на вирус и емоционална исцрпеност за време на турнејата под која се наоѓа Ејми во последните неколку недели". На 20 февруари 2008 година, Вајнхаус настапува на наградите Brit во 2008, исполнувајќи ја песната "Valerie" со Марк Ронсон, по која следела "Love is a losing game".Таа ја повикала толпата да "направи врева за нејзиниот Блејк." Настапот во Париз за еден бутик за марката Fendi, бил опишан како "добро одработени 40 минути". Иако нејзиниот татко, менаџерот и членови на нејзиниот тим, наводно се обиделе да ја одвратат Вајнхаус од нејзиниот настап, таа сепак настапува на фестивалот Rock in Rio во Лисабон, Португалија во мај 2008. И покрај задоцнетото појавување на сцената и проблемите со нејзиниот глас, толпата сепак била возбудена за нејзиното појавување. Покрај сопствениот материјал таа исполнила две песни од групата Special.
Вајнхаус настапува на концертот по повод 90 годишниот роденден на Нелсон Мендела во лондонскиот Хајд Парк на 27 Јунијуни, а следниот ден настапува на фестивалот Glastonbury. На 12 јули на фестивалот Oxegen таа одржува настап со траење од 50 минути кои биле добро примени од страна на публиката, кој бил проследен со изведба на 14 песни веќе следниот ден на „T in the Park“. На 16 август таа настапува во арената Стафордшир на V Festival, а следниот ден настапува во арената Chelmsford. Организаторите изјавиле дека Вајнхаус привлекла најголем број публика за фестивалот. Приемот кај публиката бил дефиниран како разновиден. На 6 септември таа била ѕвезда на Bestival. Таа одржува настап кој, како што било изјавено бил безгрешен по кој таа изјурила од сцената. Нејзиното доцнење од еден час била причината по која нејзиниот настап бил прекинат поради полициски час.
 
Во мај 2009 година Вајнхаус се враќа со настапот на џез фестивалот во Св Луција во услови на поројни дождови и технички тешкотии. За време на нејзиниот настап со траење од еден час, било објавено дека била нестабилна и имала проблеми со помнењето на стиховите. Таа им се извинила на публиката затоа што и било "здодевно", а го завршила својот настап со заминување од сцената во средина на една песна. Пред преполна сала на 23 август на V Festival, Вајнхаус ги исполнува заедно со The Specials нивните песни "You're Wondering Now" и "Ghost Town".