Разлика помеѓу преработките на „Орландо“

Нема измена во големината ,  пред 9 месеци
с
Правописна исправка на датум, replaced: 1 Јули → 1 јули, 2 Јули → 2 јули
с (→‎top: Правописна исправка на датум, replaced: Јули, 1 → јули 1)
с (Правописна исправка на датум, replaced: 1 Јули → 1 јули, 2 Јули → 2 јули)
За време на Втората војна во Флорида во 1838 година, армијата на САД постави стража во Форт Гатлин на неколку милји јужно од центарот на градот, но за многу кратко време беше напушена кога на војната и дојде крајот. Повеќето од првите доселенци не пристигнале сè до Третата војна во Флорида во средината на 19 век. Многу од правобитните жители живееле одгледувајќи добиток.
== Основање ==
Откако во 1845 година беше поделен округот Москито, Орландо стана седиште на новиот округ Оринџ во 1856 година. Тој остана рурална област за време на Граѓанската војна и претрпе многу голема штета за време на блокадата на унијата. Ерата на реконструкција придонесе за нагло зголемување на бројот на населението, што доведе до основање на градот Орландо на 31 Јулијули 1875 година, кој потоа стана метропола во 1885 година.
Периодот од 1875 до 1895 година е запаметен како Златна ера на Орландо, кога градот стана центар на индустријата со цитрони во Флорида. Но Големиот мраз од 1894-1895 година принуди голем број на сопственици да се откажат од нивните самостојни насади, притоа здружувајќи се со фарми кои биле во рацете на некои т.н „грофови на цитрони“ кои ги префрлиле своите дејности на југ посебно околу реката Велс во округот Полк.
Меѓу позначајните сопственици на фарми било семејството Кари. Низ нивниот имот во источен Орландо течела реката Еконлокхачи, преку која поминувале патниците бидејќи имало одредено место каде што водата била доволно плитка за преминување. Со името на семејството е одбележано името на улицата - Кари Форд роуд. Исто така, јужно од аеродромот во областа Боги крик во доцниот 19 век имало 150 хектари (0,61 км квадратни) земјиште во сопственост на семејството Вард. Овој имот се уште е во сопственост на семејството Вард и може да се види од авион кога се лета јужно од аеродромот во Орландо.
== Клима ==
Климата во Орландо е преодна, со многу карактеристики на тропска клима иако според Купен, климатскиот класификационен систем Орландо технички се наоѓа на јужниот раб на [[суптропска клима|влажносуптропскиот]] климатски појас. Постојат две главни сезони секоја година. Една од нив е топла и дождлива и трае од јуни до крајот на септември (се совпаѓа со сезоната на урагани во Атлантикот). Другата е сува и топла сезона (од октомври до мај) и се одликува со поретки врнежи, но сепак со топли температури. Топлата и влажна клима во областа е првенствено предизвикана од нејзината ниска надморска височина, нејзината релативно блискост до Северниот Повратник и локацијата во центарот на полуостровот. Многу од карактеристиките на климата се резултат на близината на Голфската струја која тече покрај островот Флорида.
За време на влажната летна сезона во Орландо, температурите ретко паѓаат под 70 степени по Фаренхајт (21 степен Целзиусов), а дневната просечна температура во деведесеттите години изнесуваше 32-37 степени Целзиусови. Влажноста на областа дејствува како отпорник, спречувајќи ја температурата да не надмине 100 степени по Фаренхајт (38 степени Целзиусови), притоа вршејќи притисок на топлинскиот индекс на повеќе од 110 степени по Фаренхајт (43 степени Целзиусови). Највисоката температура во градот беше измерена на 2 Јулијули 1998 година и изнесуваше 38 степени целзиусови. Во текот на овие месеци, речиси секојдневно се случуваат силни попладневни бури. Овие бури се предизвикани од воздушните маси на Мексиканскиот Залив. Тие се нагласени со спектакуларни молњи а исто така може да се појават поројни дождови (понекогаш и неколку инчи на час) и моќни ветрови како и повремен силен град.
Во текот на поладните сезони, влажноста е помала, температурите се поумерени и можат многу брзо да се променат. Во јануари ноќната температура паѓа просечно на околу 10 степени Целзиусови, а просечната дневна температура достигнува до околу 22 степени Целзиусови. Може да се случи температурата да падне и до 0 [[степени Целзиусови]]. Бидејќи зимската сезона е сува и ниските температури се јавуваат многу ретко и тоа откако ќе поминат ладните бранови (придружени со врнежи). Снегот е исклучително редок.
Просечните годишни врнежи во Орландо изнесуваат 122,8 см, од кои најголем дел се случуваат во периодот од јуни до септември. Месеците од октомври до мај ја претставуваат најсушната сезона во Орландо. Во овој период (посебно во неговите подоцнежни месеци) често постои опасност од шумски пожари. Во текот на некои години, пожарите беа многу сериозни. Во 1998 година, силниот Ел Нињо предизвика јануари и февруари да се невообичаено влажни месеци проследени со суша во текот на пролетта и раното лето притоа предизвикувајќи сезона на рекордни шумски пожари која создаде бројни знаци на тревога за квалитетот на воздухот во Орландо и тешко го погоди и нормалниот секојдневен живот, вклучувајќи го и одложувањето на трката на Пепси 400 НАСКАР во близина на плажата Дејтона таа година.