Блек сабат: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: во Февруари → во февруари , во Октомври → во октомври , во Ноември → во ноември , во Декември → во декем
с →‎top: Правописна исправка на датум, replaced: 3 Јули → 3 јули
Ред 86:
По завршувањето на турнејата “Повторно роден” во март 1984 година, пејачот Јан Гилан ги напушти Блек Сабат за повторно да се придржи на Дип Парпл, кои се реформираа после долг јаз. Беван си отиде во истото време, а Гилан забележа дека тој и Беван беа направени да се чувствуваат “изнајмена помош“ од Ајоми. Бендот потоа регрутираше еден непознат пејач од Лос Анџелес по име Дејвид Донато. Новата постава пишуваше и вежбаше низ целата 1984 година, и на крај сними демо снимка со продуцентот Боб Езрин во октомври. Несреќни од резултатите, бендот се збогува Донато нешто подоцна. Разочаран со променливоста на поставата басистот Гизер Батлер ги напушти Блек Сабат во ноември 1984 година и формира соло бенд. “Кога Јан Гилан го дојде тоа беше крај за мене“, рече Батлер подоцна. “Јас мислев дека тоа е само шега и јас тотално си отидов. Кога се состанавме со Гилан, тоа не требаше да биде албум на Блек Сабат. Откако го направивме албумот му го дадовме на Варнер Брос, тие рекоа дека ќе го пуштат во продажба како албум на Блек Сабат а ние немавме глас. Јас бев навистина разочаран од него а Гилан многу се налути. Тоа траеше еден албум и една турнеја и тоа беше тоа.“
 
Откако Батлер си замина, единствениот преостанат првобитен член Тони Ајоми ја постави Блек Сабата на јаз, и започна работа на соло албум со клавијатуристот Џеф Николс, кој беше долго време во Блек Сабат. Додека оригиналната постава на Блек Сабат работеше на нов материјал, им беше понуден спот во хуманитарниот концерт Live Aid на Боб Гелдоф; бендот се согласи, и имаше настап во Филаделфија, на 13 Јулијули 1985 година. На тој настап првобитната постава за првпат се појави на сцената после 1978 година, заедно со повторни соедитите Ху и Лед Цепелин. Враќајќи се на својата соло работа Ајоми го ангажира басистот Дејв Шпиц и тапанарот Ерик Сингер, и првобитно имаше намера да користи повеќе пејачи, вкључувајќи го и Роб Халфорд од Џудас Прист, поранешниот пејач на Дип Парпл и Трапез, Глен Хјуз, и поранешниот пејач на Блек сабат, Рони Џејмс Дио, но овај план не излезе како што предвидуваше тој. “Сакавме да користиме различни пејачи на албумот, пејачи гости, но беше толку тешко да се соберат и да се издадат од нивните издавачки куќи. Глен Хјуз дојде да пее на една песна и одлучивме да го користиме на цекиот албум.“
 
Бендот го помина преостанатиот дел од годината во студио, снимајќи го “Седмата ѕвезда”. Ворнер Брос, одби да го издаде албумот како соло издание на Тони Ајоми, наместо тоа инсистираше да се издаде под името Блек Сабат. Под притисок на менаџерот на бендот, Дон Арден, двајцата најдоа компромис и го издадоа албумот како “Блек Сабат со Тони Ајоми“ во јануари 1986 година. “Тоа навистина отвори цела конзерва со црвја“, објасни Ајоми, “бидејќи јас мислам ако го направевме како соло албум, тој ќе беше многу повеќе прифатен“. Седмата ѕвезда, која што малку звучеше како албум на Блек Сабат, содржеше повеќе хард рок елементи популаризирани со хард рок сцена на Sunset strip од 1980те, и беше критикувана тогаш, иако подоцна рецензентите, како на пример Allmusic му дадоа поволни рецензии на албумот, нарекувајќи го “често несфатен и потценет“.