Разлика помеѓу преработките на „Новогодишна ноќ“

Нема измена во големината ,  пред 5 месеци
с
→‎САД: Правописна исправка на датум, replaced: 1 Декември → 1 декември
с (→‎САД: Јазично подобрување, replaced: дијаметар → пречник)
с (→‎САД: Правописна исправка на датум, replaced: 1 Декември → 1 декември)
Централната прослава се одржува на плоштадот „Тајмс сквер“ во [[Њујорк]]. Новогодишната вечер е настан кој е прославен со формални забави и семејно ориентирани активности. Новогодишниот ден е јавен празник во [[САД]]. Во текот на последните 100 години спуштањето на „Топката“ на Тајмс Сквер во [[Њујорк]] е пренесувано низ цела Америка па дури и пошироко и е голем дел од прославувањето на Новата година. Кристалната Топка тешка 5,368 килограми и со пречник од 3,7 метри се спушта полека со почеток во 11 часот и 59 минути за да го допре дното на својата кула 60 секунди подоцна, точно на полноќ.
 
Од 1981 па сè до 1988 градот спуштал големо јаболко во знак на неговиот прекар „Големото јаболко“. Слични спуштања на топки има и во другите американски градови. Овој обичај е инспириран од временскиот сигнал кој бил даван точно на пладне на пристаништата. Од 1972 па до сега (со исклучок во 2005) Дик Кларк е домаќин на телевизиското емитување на настанот наречен „Новогодишната вечер на Дик Кларк“ прикажано на телевизиската мрежа АБЦ, а сега е преименувано во „Новогодишната вечер на Дик Кларк со Рајан Сикрест“ за дочекот на 2009 со тоа што Рајан Сикрест ги презема водителските должности. На 31 Декемвридекември 1999 шоуто било интегрирано во „АБЦ 2000 Денес“ со Дик Кларк вршејќи репортажа за време на емитувањето на „АБЦ 2000“ со претставување од страна на Питер Џеннигс кој кажал дека многумина нема да сметаат дека ова е Нова година доколку Дик Кларк не го врши одбројувањето.
 
Помеѓу 1951 и 1976 Бен Гауер бил познат по својот пренос на Новата година во живо од Тајмс Сквер во [[Њујорк]]. Од 1956 до 1976 на телевизиската мрежа ЦБС, Гај Ломбардо и неговите Кралски Канаѓани ги забавуваа САД од собата за бал на хотелот Волдорф - Асторија сместен на авенијата Парк. По смртта на Ломбардо во 1977, Кралските Канаѓани продолжиле на ЦБС сè до 1978 година и шоуто „Среќна Нова година“ ги смени во 1979 продолжувајќи сè до 1995.