Никос Захаријадис: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
#1Lib1Ref и #1Lib1RefCEE
с →‎Животопис: Правописна исправка на датум, replaced: февруари, 1 → февруари 1, мај, 1 → мај 1
Ред 13:
 
== Животопис ==
Во [[1913]] година се преселил во [[Солун]], а потоа во [[Никодимија]] каде што завршил седмокласно основно училиште, а потоа се запишал на одринската гимназија. Во [[1919]] пристигнал во [[Цариград]] и работел како физички работник. Во [[1922]]-[[1923]] работел во [[Советски Сојуз|Советскиот Сојуз]] кога и се зачленил во [[Комунистичка партија на Советскиот Сојуз|КПСС]].
 
Со размената на населението помеѓу [[Турција]] и [[Грција]] во [[1924]] година, семејството на Захаријадис се преселило во [[Грција]]. Го посетувал Комунистичкиот универзитет за народите на Источна Европа (КУТВЕ) во [[Москва]], а [[1924]] се вратил во [[Грција]] и раководел со партиски организации во [[Солун]], Пиреја, [[Волос]] и [[Атина]]. Во [[1931]] година Комунистичката интернационала го поставила за секретар на [[Комунистичка партија на Грција|ЦК КПГ]] и многу бргу неа ја претворил во партија од сталинистички тип.<ref name=":0" /><ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://w.histrf.ru/articles/article/show/zakhariadis_zakhariades_nikos|title=ЗАХАРИАДИС НИКОС — информация на портале Энциклопедия Всемирная история|last=|first=|date=|work=w.histrf.ru|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=}}</ref>
 
Ја прифатил паролата на Коминтерната за независноста на [[Македонија (регион)|Македонија]] и на [[Тракија]], но во [[1935]] ја напуштил и го прифатил стабот за рамноправност на македонското малцинство во рамките на грчката држава. На Шестиот конгрес на КПГ (декември, [[1935]]) е избран за генерален секретар на ЦК КПГ. Во 1936 го затвориле и во 1941 е предаден на Германците кои го интернирале во логорот „''Дахау“''. Во 1945 бил ослободен и на 31 мај, 1945 се вратил во Грција и повторно застанал на чело на КПГ. На негов предлог, Вториот пленум на ЦК КПГ (12 февруари, 1946) решил да поведе оружена борба против грчката десница. Во август 1948 станал претседател на воениот совет на [[Демократска армија на Грција|ДАГ]]. По поразот на ДАГ емигрирал во источно-европските земји од каде што раководел со КПГ. Во 1955 дошол во судир со новото раководство на КПСС, поради што бил суспендиран од сите функции и интерниран.<ref name=":0" />
 
Во однос на македонското национално прашање ја претставувал грчката национална ориентација (прагматична струја), т.е. македонското прашање да се стави во служба на за грчките национални интереси и да е сообрзено со т.н. класни интереси на грчкиот пролетеријат.<ref name=":0" /><ref>{{Наведена книга|url=https://www.worldcat.org/oclc/499142958|title=Македонска енциклопедија|last=Ристовски, Блаже|first=|last2=|date=2009|publisher=МАНУ|year=2009|isbn=978-608-203-023-4|location=Скопје|pages=559|oclc=499142958}}</ref><ref>{{Наведена книга|title=Егејска Македонија во НОБ|first=Стојан Киселиновски|publisher=|year=1983|isbn=|location=Скопје|pages=}}</ref>