World of Warcraft: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Delix (разговор | придонеси)
Креирање
 
Delix (разговор | придонеси)
Дополнување на статијата
Ред 1:
'''Варкрафт''' ('''Warcraft''') универзумот е фикционален универзум во кој се сместени повеќе игри и книги издадени од Blizzard Entertainment. Играчите прв пат беа запознаени со овој универзум во оригиналот "Варкрафт: Орки и Луѓе" (Warcraft: Orcs & Humans) каде дејството беше сместено во источните кралства на планетата Азерот (Azeroth). Со понатамошните изданиија и експанзии на игрите и издадените книги универзумот се шири. Други познати планети се Црвената планета Дренор (Draenor), подоцна ќе биде позната како Аутленд(Outland), Аргус (Argus), К'ареш (K'aresh) и Ксорот (Xoroth). Серијалот на Варкрафт игрите е составен од 4 одделни игри, Варкрафт I, II и III, и Светот на Варкрафт (World of Warcraft) од кои вториот дел и третиот имаат по една експанзија а World of Warcraft има две експанзии.
 
==Географија==
Најголемиот дел од приказната во Варкрафт универзумот се одвива на планетата Азерот. Оваа планета има три континенти познати како Источните Кралства, Нортренд (Поларен Континет)и Калимдор, сите тие се разделени со огромен океан наречен Големото Море. Во средината на Големото Море постои вечен вртлог наречен "Маелстром" (кој бил создаден при катаклизма која го разделила претходниот суперконтинент Калимдор на трите денешни континенти).
 
Континентот на Источните Кралства претставува центар на случувањата во почетните приказни за Варкрафт. Во ''Warcraft: Orcs & Humans'', луѓето со кои започнува приказната припаѓаат на кралството Азерот, кое се наоѓа јужно од Каз Модан и претставува најголемо кралство на луѓе во тоа време. Во ''Warcraft II: Tides of Darkness'' е опишано кралството Лордерон, северен сосед на Азерот. Во овој дел од серијалот Лордерон успешно ја предводи човечката Алијанса против инвазијата на Орките, но во третиот дел ''Warcraft III: Reign of Chaos'' паѓа под нападот на Scourge (Чума која ги претвара луѓето во живи мртовци)...