Влекачи: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Класификација: Јазично подобрување, replaced: рептил → влекач
с →‎Основни карактеристики: Јазична исправка, replaced: лаци → лакови
Ред 28:
[[Скелет]]от на влекачите е речиси целосно окоскен (не‘рскавичен). Черепот е приврзан за [[‘Рбетен столб|‘рбетниот столб]] со единечен кондил, или [[зглоб]], исто како кај птиците. Ребрата на тораксот се прикрепени за [[Градна коска|градната коска]], а кога е присутен [[сакрум]] (коска на карлицата), сакралните ребра артикулираат со карличниот појас. Можат да бидат присутни два целосни пара на екстремитети или, пак, тие може да се редуцирани или да отсуствуваат, како што е кај змиите и некои гуштери. [[Кожа]]та е покриена со лушпи и коскени плочки кои може да се расположени под кожата.
 
[[Срце]]то на влекачите се состои од три комори, вклучувајќи и две [[Аурикула|аурикули]] и една [[вентрикула]]. Сепак, кај крокодилите, вентрикулата е речиси целосно одделена на две комори со септа (преграда). И двата ембрионални [[Аорта|аортни]] лацилакови (одредени артериски гранки најдени во ембрионите на ‘рбетниците) се задржале кај влекачите, во споредба со птиците и цицачите, кај кои се развива само еден. [[Крв]]та од [[Вена|вените]] се враќа во срцето од опашката и задните екстремитети, преку [[Бубрег|бубрезите]], од страна на бубрежен портален (венско-капиларен) систем; крвта од абдоменот се враќа од страна на портален систем кој минува низ [[Црн дроб|црниот дроб]]. [[Мочен меур|Мочниот меур]] е присутен само кај желките, тортоизите и гуштерите.
 
== Класификација ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Влекачи