Миленко Неделковски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Спортско новинарство: Јазична исправка, replaced: спикер → водител
Ред 33:
 
===Спортско новинарство===
Новинарската кариера ја започнува 1983 во [[МРТ|Радио Телевизија-Скопје]] како спикерводител во [[Радио Скопје]]. Таму учи дикција, говор и читање од Миле Попов, Љупка Апостолва, Томе Саздов и Нада Булатовиќ. Во 1984-та се префрла во спортската редакција на [[Телевизија Скопје]]. Помогнат од спортскиот новинар [[Никола Солдатов]], навлегува во спортското новинарство и телевизиското коментирање. Во текот на ангажманот во спортската редакција, Неделковски остварува повеќе од 1.000 преноси. Миленко прв на македонски јазик коментира спортови што дотогаш исклучиво беа следени на српско-хрватски јазик. Така [[Формула 1]], екевстериан, спортска и ритмичка гимнастика, уметничко лизгање, уметничко пливање, велоспиедизам, веслање, рели, мото трки и други спортови првпат се претсавени на македонската публика на македонски јазик.
 
Миленко Неделковски изработува над 300 преноси од лице место (во живо) вклучително над 60 преноси во Формула 1 од сите писти во Европа. Ги работи директните преноси од Олимпијадата во Барселона вклучително официјалното отворање и затворање. Потоа ги работи преносите од Светското првенство во фудбал во Италија вклучително и последната победа на репрезентацијата на Југославија пред распадот на СФРЈ, натпреварот против Шпанија. Работи серија од светски и европски првенства во ритмичка и спортска гимнастика, уметничко лизгање, пливање.