Слобода на говорот: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: индивидуата → поединецот (3)
с →‎Слобода на говор, разлики во мислења и вистина: Јазична исправка, replaced: ринтер → ечатач
Ред 40:
Како што се ширеше заканата од развој на печатењето, владите воспоставија централизиран контролен механизам, така се повеќе се шири и цензурата како владин механизам за контрола на печатењето. Француската круна го потисна печатењето а издавачот, печатарот Етиен Долет беше спален на клада во 1546 година. Во 1557 британската круна за да го запре печатењето еретички книги, го ограничи правото за печатење само за членовите на здружението, односно на цехот на печатари.
 
Правото за печатење беше ограничено на два универзитета и на 21 постоечки печатари во градот Лондон кои имаа 53 машини за печатење. Откако британската круна ја презеде контролата врз печатењето во 1637 година, печатарите пребегаа во Холандија. Конфронтациите со властите ги направија печатарите да станат радикални и насилни , со 800 автори, принтерипечатари и продавачи на книги кои беа затворени во Бастилја, во Париз пред таа да биде нападната во 1789 година.
 
Серија на англиските мислители почнувајќи со Џон Милтон (1608-1674), потоа Џон Лок (1632-1704) и кулминирајќи со Џон Стујарт Мил (1806-1873) ја развија идејата - право на слобода на говор. Лок го воспостави поединецот како единица на вредност и носител на правата за живот, слобода, имот и остварување на среќа. Улогата на владата беше да ги чува овие права и согласно со тоа прво, да ги вгради во Уставот на Соединетите Американски Држави, со Првиот амандман додавајќи ја гаранцијата дека „Конгресот нема да донесува закон... со кој се крати слободата на говор или на печат“. Џон Стујарт Мил тврдел дека човечката слобода е добра и дека без неа нема да има напредок во науката, правото или пак политиката, за која пак, според Мил е потребна слободна дискусија на мислење. Миловата книга „За слободата“, издадена во 1859 година, стана класична одбрана на правото на слобода на говор. Мил тврдеше дека вистината ја поништува погрешноста и затоа слободниот израз на идеи, вистински или лажни, не треба да стравува. Вистината не е стабилна или фиксирана, но се развива со време. Мил вели дека многу од она што сме го сметале за вистина излегло лага. Затоа погледите не треба да бидат забранети заради нивната очигледна погрешност. Мил исто така смета дека слободната дискусија е потребна за да ја спречи „длабоката дремка на одлученото мислење“. Дискусијата би го придвижила маршот на вистината и со согледувањето на погрешните гледишта би била реафирмирана основата на вистинските гледишта.