YouTube: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Основање на Јутјуб: Правописна исправка, replaced: превзе → презе
с →‎Материјал заштитен со авторски права: Јазична исправка, replaced: датотек → податотек
Ред 96:
Youtube е постојано критикуван бидејќи многу од поставените видео клипови не се во согласност со законот за авторски права. Кога сакаат да објават видео клип, на корисниците на Youtube им се појавува предупредување: ,,Не објавувајте телевизиски емисии, музички спотови, снимки од концерти или реклами, доколку не поседувате авторски права за нив, или не се состојат од содржини целосно создадени од ваша страна,,. И покрај тоа на Youtube се уште неовластено се објавуваат видео клипови кои се подложни на авторски права. Youtube не ги прегледува видео клиповите кои се објавуваат на семрежјето, па во согласност со законите на Digital Millenium Copyright, сопствениците на авторски права се должни да упатат опомена до Youtube да биде отстранет клипот од семрежјето.
Организациите Viacom, Mediaset и англиската Премиер Лига поднесоа тужби кон Youtube, тврдејки дека прави недоволни напори за да го спречи објавувањето материјали кои се заштитени со авторски права. Компанијата Viacom, побара отштета во висина од 1 милијарда долари од компанијата Youtube, велејки дека се пронајдени повеќе од 150,000 нивни видео клипови кои на страната на Youtube биле прегледани неверојатни 1,5 милијарда пати. На тоа компанијата Youtube одговори дека штитењето на содржините подложни на авторски права не спаѓа во нејзините законски обврски. Откако Viacom поднесе тужба против Youtube, компанијата воведе систем наречен ВИДЕО ID со помош на кој проверува дали објавените видеа се наоѓаат во базата на податоци на содржини заштитени со авторски права, со цел да се намалали прекршувањето на истите. Во јуни 2010 година, тужбата на Viacom против компанијата Google е одбиена, со образложение дека компанијата е заштитена со одредбите од законот на Digital Millenium Copyright. Потоа компанијата Viacom објави дека има намера да ја обжали пресудата.
Во август 2008 година, американскиот суд одлучи дека сопствениците на авторски права не можат да наредат отстранување на датотекитеподатотеките од семрежјето, без претходно да биде утврдено дали објавувањето ја надминува политиката на праведна употреба на материјалот. Во случајот беше вклучена и Стефани Ленц од Пенсилванија, која снимила видео на кое е прикажан нејзиниот 13 месечен син, како танцува на песната на Prince, Let’s go Crazy.
 
=== Приватност===
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/YouTube