Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Михаил: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Дополнување
Ред 23:
По дипломирањето присилно бил мобилизиран во српската војска, при што неколкупати бил осудуван од Воениот суд. Пред војната дошол во Штип и кратко време предавал веронаука во штипската гимназија, но со судска казна за дела против интересите на царот и царска Србија, набргу бил депортиран во [[Ужице]] за да предава српска пропагандна веронаука.
 
== Втора светска војна ==
Пред почетокот на Втората светска војна се вратил во родниот крај и станал парохиски свештеник во [[Црква „Св. Никола“ - Ново Село|црквата Св. Никола]]. Заи времехонорарен навероучител [[Вторатаво светскагимназијата. војна]], Михаил бил учесникУчествувал во [[НОВ|Народноослободителната војна]], најнапред во позадината, а при крајот на војната бил член на [[АСНОМ]]. Учествувал и восе организирањето на [[Прв македонски црковно-народен собор|Првиот црковно-народен собир]]наоѓал во СкопјеГорно на почетокот од [[март]] [[1945]] годинаВрановци, напри којГлавниот присуствувалештаб. 300 учесници, свештеници и мирски лица.
 
== Период по војната ==
 
По војната патува низ Македонија и ги образова духовните одбори, наместо дотогашните архиерејски намесништва. Заедно со протојереите Кирил Стојанов и Никола Апостолски, го организираат одржувањето на [[Прв македонски црковно-народен собор|Првиот црковно-народен собир]] во Скопје на почетокот од [[март]] [[1945]] година, на кој присуствувале 300 учесници, свештеници и мирски лица, на кој едногласно била донесена одлуката за обновување на Охридската архиепископија.
 
Михаил се залагал за самостојност на [[МПЦ]], па во два наврати одлежал над шест години затвор. Бил осуден и затворен од тогашната власт заради идеите за национална, социјална и духовна слобода на македонскиот народ. По шест месеци бил ослободен, но за кратко. Во [[1948]] година повторно бил уапсен и осуден на 5,5 години затворска казна. И покрај сите притисоци и закани да се откаже од свештеничкото служење, Михаил останал цврст во своите ставови и продолжил да служи како свештеник во [[Скопје]].
Ред 31 ⟶ 34:
Михаил бил меѓу првите мисионери во [[Австралија]],во првата македонска православна општина „Свети Ѓорѓи“ во [[Мелбурн]]. Бил испратен во [[1966]] година, а се вратил при крајот на [[1970]] година. По неговото враќање бил назначен за ректор на Македонската православна богословија, каде предавал [[англиски јазик]], омилитика и пастирско богословие. Покрај англискиот зборувал [[француски]], [[руски]] и се служел со повеќе живи класични јазици.
 
Од [[1972]] година бил генерален секретар на Македонската архиепископија, аи заодговорен уредник на службениот лист на МПЦ - „Весник“. За архијереј бил [[ракополагање|хиротонисан]] на [[25 декември]] [[1988]] година. Неговото Блажество Г.Г. Михаил е познат по тоа што не сакал да ги чита своите богослужбени слова, но е запаметен по неговото ораторство со кое ги надминувал сите архиjереји.
 
== Избор за Архиепископ на МПЦ ==
Изборниот Архиепископски црковно-народен собор се одржал на [[4 декември]] 1993 година, во Соборниот храм на Охридската архиепископија - [[Црква „Св. Софија“ - Охрид|Света Софија]]. На работата на соборот учествувале 92 делегати од сите епархии на МПЦ.
 
Соборот започнал со божествена литургија во црквата Св. Богородица - Каменско, која ја служеле тројцата митрополити: [[Тимотеј Дебарско-кичевски|Тимотеј]], [[Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан|Стефан]] и Михаил, кои го сочинувале раководното тело на МПЦ по упразнувањето на архиепископскиот трон.
 
Во Соборниот храм на охридските архиепископи најнапред бил извршен мал водосвет, а потоа и призив на Светиот Дух.
 
По првото гласање, Митрополитот Михаил добил 41 глас, Митрополитот [[Петар Преспанско-пелагониски|Петар]] 32 гласа, Митрополитот [[Горазд Европски|Горазд]] 1 глас и биле утврдени 18 неважечки ливчиња. Бидејќи никој од кандидатите не добил натполовично мнозинство, се пристапило кон второ гласање на кое Митрополитот Михаил го добил потребното мнозинство и бил избран за Поглавар на Македонската православна црква.
 
Востоличувањето на новиот Архиепископ Охридски и Македонски било извршено наредниот ден, во присуство на претседателот на Владата на РМ [[Бранко Црвенковски]], министерот за вера Ристо Иванов, Скопско-призренскиот бискуп [[Јоаким Хербут]], старешината на Исламската верска заедница Јакуп Селимовски и др.
 
Од страна на Митрополитот Петар на новоинтронизираниот архиепископ му биле предадени инсигниите на архиепископското достоинство и жезолот на Свети Климент.<ref>{{Наведена книга|title=Негово Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Михаил|first=Ратомир Гроздановски|publisher=Матица Македонска|year=1994|location=Скопје}}</ref>
 
== Архиепископ на МПЦ==
 
Михаил бил избран за поглавар на Македонската православна црква на [[4 декември]] [[1993]] година. Архиепископот Михаил дошол на чело на МПЦ две години по осамостојувањето на [[Македонија]] како држава. Тој станал единствениот духовник кому му било понудено местото на претседател на државата. На почетокот на 90-тите години Михаил требало да биде еден вид ''македонски Макариос'', но тој се откажал од овој предизвик не сакајќи да ја замени црковната со државничка позиција,
 
Како надлежен за Американската епархија, Михаил успеал да ги прибере големиот број на верници, да ги надмине сите спорови, а со тоа овозможи оваа епархија да заживее со полн црковен живот. Сепак тој не успеал да отпатува за [[Австралија]], затоа што не сакал да биде пречекан од поделените, туку од сите обединети верници [[Македонци]]. Водел преговори и со преставници на [[Српска православна црква|Српската православна црква]] за воспоставување на духовно единство меѓу двете цркви.
 
За време на неговото архиепископување биле направени потребните измени и дополнувања на Уставот на Македонската православна црква, статутите за трите епархии во странство и други црковни закони и норми. Исто така, за негово време се зголемила издавачката дејност во МПЦ, при што биле отпечатени повеќе богослужбени изданија и книги со богословска содржина.
 
Зборувал англиски, француски и руски јазик, а се служел и со класичните јазици.
 
Починал на [[6 јули]] [[1999]] година. Неговото вечно почивалиште се наоѓа во Манастирот Св. Наум Охридски во [[Радишани]].