Односи со јавноста: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Исправка на латинични букви помешани меѓу кириличните, replaced: Oд → Од
с →‎Односи со јавноста како промотивна активност: Додадена категорија, replaced: интерпретира → толкува
Ред 13:
Односите со јавноста во презентацијата на своите пораки користат канали на комуникација. За да не се сфати погрешно, дека со тоа се нагласува само економскиот аспект, треба да се истакне специфичноста на фирмите, каде општествените и економските мотиви се единствена целина. Во создавањето на таквата комуникација, насочена кон пазарот и јавноста, вклучени се сите промотивни активности, како и односите со јавноста, кои меѓусебно се дополнуваат во создавањето на целосна слика на пазарот и во јавноста. Во создавањето на пораките на односите со јавноста, потребно е познавање на техниките на комуницирање, исто, како и при обликувањето на пропагандните пораки. Притоа, односите со јавноста може да вклучат некои други промотивни елементи, користејќи ги на поинаков начин и за поинаква намена од нивната вообичаена. На пример, економската пропаганда може да биде користена за да се демонстрира позицијата на компанијата во однос на некое контроверзно прашање; или специјалните настани може да бидат организирани да се создава goodwill во заедницата; објавувањето во весници може да се искористи за да се промовира нов производ или некои промени во организацијата и сл.
 
Односите со јавноста се присутни дури и кога не се организирани како самостојна активност во рамките на компаниите. Тие постојат и пораките одат во јавноста, без разлика дали компаниите го сакаат тоа или не. Секоја фирма има свои лични претставници, продажен персонал, работници, членови на семејствата на тие работници, кредитори, поранешни и сегашни потрошувачи, добавувачи и др. Сите тие испраќаат пораки за компанијата, добри или лоши, некогаш лошо интерпретиранитолкувани, а некогаш помоќно и од пропагандните пораки кои потекнуваат од пропагандните служби или агенции. Сите тие комуникации треба да се опфатат и координираат со промотивните активности.
Останатите промотивни активности помагаат во стекнувањето доверба во јавноста, но поради природата на својата дејност тие не можат да влијаат на тоа.