Евангелие според Марко: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с →‎top: clean up, replaced: интерпретатор → изведувач
Ред 4:
Во врска со неговото датирање, во науката, постои една помала група научници кои ја затапуваат тезата дека токму ова евангелие треба да се вброи како најстар евангелски текст. Ваквата своја теза ја засноваат на претпоставката дека Марко го напишал евангелието користејќи ја „папијасовата“ Logia како извор. Сепак, ваквото тврдење не е соодветно на она за кое сведочат изворите. Теза за првенството на евангелието според Марко не е поткрепена со веродостојни аргументи и изворни податоци.
 
Оттука, во науката постои полемика околу датирањето на Евангелието според Марко. Ова [[евангелие]] најрано се датира во [[65]] година, а најдоцна во [[70]] – [[80]] година<ref>James R. Edwards, [http://books.google.pl/books?id=0MjWS_4La_EC&printsec=frontcover&hl=en&source=gbs_slider_thumb#v=onepage&q&f=false ''The Gospel according to Mark''], The Pillar New Testament Commentary, Wm. Eerdmans 2002, p. 9.</ref><ref>R. T. France, ''The Gospel of Mark: A Commentary on the Greek text'', NICNT, Wm. Eerdmans, 2002, p. 39</ref>. Сепак, се чини, дека најверодостојниот податок кој упатува на неговото прецизно датирање се наоѓа кај [[Иринеј Лионски]], кој соопштил дека „''по маченичката смрт на апостолите Петар и Павле во Рим, во времето на Нерон, Марко, ученикот и интерпретатортолкувач на Петар, го пренел во пишана форма тоа што беше проповедано од Петар''“. Ако се повикаме на веродостојноста на овој податок, тогаш со голема веројатност може да се заклучи дека Евангелието според Марко било напишано во деценијата по маченичката смрт на апостолите [[апостол Петар|Петар]] и [[апостол Павле|Павле]] т.е. меѓу [[65]] и [[75]] година.
 
Што се однесува до неговата автентичност и веродостојност, според она што го соопштува Папијас од Хиреаполис, марковото евангелие е прилично веродостоен извор за настаните поврзани со животот и делото на [[Исус Христос]]. Ова пред сè се должи на Папијас, кој пишувајќи за досега неидентификуваниот Јован Постариот вели дека „''Марко го составил евангелието врз основа на сеќавањата кои му ги пренел Петар''“. Од тука може да се претпостави дека ова евангелие, во најголем дел, содржи материјал собран од усната традиција која на авторот му ја пренел лично Петар – очевидец, сопатник и еден од најблиските соработници на Исус.