Разлика помеѓу преработките на „Куаутемок Бланко“

Додаден 9.701 бајт ,  пред 4 месеци
нема опис на уредувањето
 
'''Куаутемок Бланко''' (роден на [[17 јануари]] [[1973]] во [[Мексико Сити]]) — [[Мексико|мексикански]] [[политичар]] и поранешен [[фудбалер]], [[среден ред (фудбал)|играч од средниот ред]].
 
==Животопис==
Бланко е роден во [[Мексико Сити]], во областа [[Тлатилко]],<ref>{{cite web|title=Cuauhtémoc Blanco cumple 46 años de vida|url=https://www.eluniversal.com.mx/universal-deportes/futbol/cuauhtemoc-blanco-cumple-46-anos-de-vida}}</ref> но пораснал во [[Тепито]].<ref>{{cite web|title=Cuauhtémoc Blanco regresa a su antiguo barrio|url=https://www.excelsior.com.mx/adrenalina/cuauhtemoc-blanco-regresa-a-su-antiguo-barrio/1257889}}</ref> Неговите родители Фаустино Бланко и Хортенсија Браво,<ref>{{cite web|title=La última 'Cuauhteminha'|url=https://www.reforma.com/aplicacioneslibre/articulo/default.aspx?id=517035&md5=ba586c51049ca48650db2261e370d8e9&ta=0dfdbac11765226904c16cb9ad1b2efe&lcmd5=1d13bbabbbb34d31827250aee56005ca}}</ref> го крстиле по последниот [[ацтечки]] император [[Куаутемок]], чие име во превод значи „оној што слезе како орел“.<ref>{{cite book|title=Superestrellas del Futbol: Cuauhtémoc Blanco|url=https://www.google.com/books/edition/Cuauht%C3%A9moc_Blanco/D2eXDAAAQBAJ?hl=en&gbpv=1|first=Paco|last=Elzaurdia|date=2013|publisher=Mason Crest}}</ref>
 
==Технички карактеристики==
===Профил===
[[File:FIFA_World_Cup_2010_France_Mexico.jpg|thumb|left|Бланко претвара [[Пенал (фудбал)|пенал]] во гол против {{NazNB|FUrep|FRA}} на [[Светско првенство во фудбал 2010|СП 2010]].]]
Бланко важи за еден од најголемите мексикански фудбалери на сите времиња. Неговиот дрзок, агресивен и конфронтативен стил на игра се рефлектира и на теренот и надвор од него.<ref>{{cite web|title=Can Mexico's most controversial soccer star score the most improbable goal of his career?|url=https://splinternews.com/can-mexicos-most-controversial-soccer-star-score-the-mo-1793848265|work=Splinter News|first=Rafael|last=Fernandez de Castro|quote=The soccer star was known for his ingenuity in the field with famous tricks like the celebrated Cuatemiña and controlling the ball with his butt and his camel-hump back.|date=8 June 2015|access-date=27 September 2018}}</ref>
 
Со реализирани 71 од 73 [[Пенал (фудбал)|пенали]] во својата кариера, тој несомнено се смета за еден од најдобрите ''пеналџии'' во историјата на фудбалот.<ref>{{cite web|url=https://barcanumbers.wordpress.com/2018/03/27/the-best-penalty-takers-of-all-time/|title=The best penalty takers of all time|date=23 март 2018|access-date=27 март 2021}}</ref>
 
===''Куаутемиња''===
Во [[1990-тите|деведесеттите години]], тој станал познат по измислувањето на ''Куатемиња'', посебен технички потез кој што се состои од ослободување од противникот со скокање заглавувајќи ја топка меѓу нозете,<ref>[https://www.youtube.com/watch?v=zFu_sw99MUU Cuauhtemiña], ''YouTube.com''.</ref> нешто што тој го изложил во натпреварот против {{NazNB|FUrep|KOR}} на [[Светско првенство во фудбал 1998|Мундијалот 1998]] во [[Франција]] и за време на [[Светско првенство во фудбал 1998|Мундијалот 2002]] против [[Фудбалска репрезентација на Италија|репрезентацијата на Италија]].<ref>[http://www.intergoals.co.uk/glossary/c/cuauteminha.html Cuauhtemiña] {{webarchive|url=https://web.archive.org/web/20090323071228/http://www.intergoals.co.uk/glossary/c/cuauteminha.html |date=23 March 2009 }}, ''Intergoals.co.uk''. посетено 27 март 2021</ref><ref>{{cite web|url=http://www.gazzetta.it/Calcio/Estero/Primo_Piano/2008/09/11/blanco.shtml|title=Messico, Blanco dice basta - Addio alla "Cuauhteminha"|editor=gazzetta.it|date=11 септември 2008|access-date=25 октомври 2014}}</ref> Трикот е лесен за изведување, но е привлечен и е вметнат како посебна вештина во [[ФИФА (серијал)|серијалот на фудбалски видео игри на ФИФА]].
 
===Прослава на головите===
Самиот Бланко признал за мексиканската телевизија и во печатот дека прославата на неговите голови со стрелата е имитација на прославата на головите создадена од поранешниот напаѓач на [[ФК Атлетико Мадрид|Атлетико Мадрид]] [[Кико Нарваес|Кико]]. Во интервју за мексиканскиот весник ''[[Ел Универсал (Мексико Сити) | Ел Универсал]]'') од 2005 година, Бланко објаснува дека додека гледал натпревар од [[Примера Дивисион (Шпанија) | шпанската лига]] во придружба на неговиот соиграч [[Херман Виља]], двајцата играчи се согласиле да го прослават својот следен гол имитирајќи го гестот со стрелата. На крајот, само Бланко го сторил тоа, и на шега го прекорил Виља дека не го одржал зборот.<ref>{{cite web|url=http://www2.eluniversal.com.mx/pls/impreso/noticia.html?id_nota=72484&tabla=deportes |archive-url=https://web.archive.org/web/20110615062200/http://www2.eluniversal.com.mx/pls/impreso/noticia.html?id_nota=72484&tabla=deportes |url-status=dead |archive-date=2011-06-15 |title=Así nació el festejo del 'Flechador' |work=El Universal |access-date=2010-06-18}}</ref> Сепак, официјалната веб-страница на Чикаго Фајр тврдела дека Бланко ги слави постигнатите голови дејствувајќи како императорот [[Куаутемок]], со цел да се покаже почит кон мексиканскиот народ и домородното население.<ref>{{cite web|url=http://chicago.fire.mlsnet.com/players/bio.jsp?player=blanco_c&playerId=bla435579&statType=current&team=t100 |title=Chicago Fire Player Bio |work=[[Chicago Fire S.C.]] |access-date=9 May 2009 |quote=Blanco is equally creative with his goal celebrations. To honor Mexican tradition and history, Blanco strikes the iconic pose of prehispanic ruler Tlatoani Cuauhtémoc... |url-status=dead |archive-url=https://web.archive.org/web/20090225183459/http://chicago.fire.mlsnet.com/players/bio.jsp?team=t100&player=blanco_c&playerId=bla435579&statType=current |archive-date=25 February 2009 |df=dmy }}</ref>
 
==Клупска кариера==
===Америка, Некакса, Реал Ваљадолид и Веракрус===
[[File:Cuauhtemoc_Blanco.jpg|thumb|left|250px|Бланко со Америка.]]
Бланко ја започнал својата кариера во [[Клуб Америка|Америка]] во 1992 година, каде што освоил разни награди, тимски и индивидуални. Бланко дебитирал во [[Примера Дивисион (Мексико)|мексиканската Примера Дивисион]] во 1992 година на 19-годишна возраст. Тој останал под договор со Америка до 2007 година, што значи дека најголемиот дел од својата кариера го поминал во овој клуб, но исто така бил позајмуван и во други екипи како [[ФК Некакса|Некакса]], шпански клуб [[ФК Реал Ваљадолид|Реал Ваљадолид]], и [[ФК Веракрус | Веракрус]]. Забележувајќи 333 настапи и 135 погодоци за клубот во кој што поникнал, Бланко стана идол на симпатизерите на Америка и важна фигура во историјата на тимот. Тој ја освоил својата прва Златна копачка со 16 погодоци во зимското првенство 1998.
 
Потоа, тој бил позајмен во [[Клуб Некакса|Некакса]], каде постигнал 13 гола на 28 настапи. Подоцна, Бланко го имал првото интернационално искуство кога се преселил на [[Европа|европскиот континент]] да игра како позајмен играч на [[Шпанија|шпанскиот]] [[ФК Реал Ваљадолид|Реал Ваљадолид]] за сезоната 2000-2001. Сепак, тој се здобил со скршеница на ногата додека бил на должност со репрезентацијата, која го извадила од терените за околу шест месеци. Следната сезона Бланко се врати во Ваљадолид на уште една позајмица, но се борел со копнежот да ја врати формата. За разлика од претходната сезона овојпат тој одиграл многу повеќе натпревари и постигнал 3 гола, меѓу кој најзабележителен бил оној од слободен удар против [[ФК Реал Мадрид|Реал Мадрид]] на [[Стадион „Сантјаго Бернабеу“|Сантјаго Бернабеу]].<ref>{{cite web|url=http://realvalladolid.elnortedecastilla.es/noticias/2013-11-28/gozo-marcar-bernabeu-201311272217.html|title=El gozo de marcar en el Bernabéu - Real Valladolid C. F.|first=Sarenet|last=S.A.|website=realvalladolid.elnortedecastilla.es|access-date=18 March 2018}}</ref>
 
Во [[Примера Дивисион (Мексико) Апертура 2004|Апертура 2004]] Бланко играл на заем во [[ФК Веракрус|Веракрус]], каде што на крајот со клубот ја освоиле својата група, но биле поразени во плејофот од [[УНАМ Пумас|УНАМ]]. Во мај 2005 година, Бланко ја освоил својата прва клупска шампионска титула како играч, водејќи ја Клуб Америка до десеттата титула во мексиканското првенство, кога клубот го совлада [[ФК Текос|УАГ]] со вкупен резултат 7–4 (1–1, 6–3). Во следните три последователни години помеѓу 2005 и 2007 година, тој беше избран за МВП.
 
Својот последен гол за Америка го постигнал во 2007 година за време на финалето на [[Примера Дивисион (Мексико) Клаусура 2007|Клаусура првенството]] против [[ФК Пачука|Пачука]], во кое неговиот клуб бил поразен со вкупен резултат 2-3 (1-2, 1-1).
 
===Чикаго Фајр===
На 2 април 2007 година, Бланко потпишал за американскиот [[Чикаго Фајр]], клуб кој се натпреварува во [[МЛС]] лигата. Тој бил пречекан од околу 5.000 фанови на [[Тојота Парк]] додека спроведувал интервјуа со медиумите, потпишувал автограми и се поздравувал со фановите.
 
 
== Наводи ==