Записи од подземјето: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Doni12345 (разговор | придонеси)
#WPWPMK
Ред 18:
Еднаш, главниот лик на романот го посетил својот школски другар Симонов и таму затекнал и двајца други свои поранешни школски другари, кои се договарале да организираат вечера во чест на заминувањето на офицерот Зверков. Љубоморен затоа што тој не бил поканет, главниот лик се наметнал и тој да оди на вечерата, а таму се однесувал непристојно, со намера да го навреди Зверков. Најпосле, бидејќи цело време бил игнориран од славениците, тој поминал три часа чекорејќи ваму-таму низ салата од [[хотел]]от во кој вечерале. Ноќта, неговите школски другари одлучиле да одат во јавна куќа, а тој повторно им се наметнал и тргнал да ги следи, со намера да му удри шлаканица на Зверков.
<br />
Како по обичај, тој не го остварил планот, бидејќи во јавната куќа не ги нашол познаниците. Таму ја запознал [[Проституција|проститутката]] Лиза на која ѝ одржал [[морал]]на поука, советувајќи ја да го напушти таквиот живот и да се омажи. Потресена од неговите зборови, Лиза започнала да плаче и да очајува. Но, утредента, кога се сетил на претходната ноќ, тој започнал да се кае, плашејќи се дека Лиза ќе го посети и ќе ја види неговата сиромаштија. И навистина, неколку дена подоцна, Лиза дошла во неговиот дом, а тој, засрамен од бедата во која живеел, западнал во [[хистерија]] и започнал да ја навредува и да плаче. Увидувајќи дека тој се наоѓа во исто толку бедна и изгубена положба како и неа, Лиза започнала да го теши, но тој грубо ја избркал од својот дом. Потоа, тој се премислил и истрчал надвор во потрага по неа, но нејзе ѝ се изгубила трагата. Така, тој повторно останал зафрлен во своето дувло, осамен и отуѓен, со омраза кон целитоцелиот свет.<ref>F. M. Dostojevski, ''Zapisi is podzemlja''. Beograd: BIGZ, 1984.</ref>
 
==Осврт кон романот==