Разлика помеѓу преработките на „Географија на Македонија“

нема опис на уредувањето
Кон крајот на терциерниот и на почетокот на квартерниот период (од ледничко-дулувијалната епоха), завршила езерската фаза на територијата на [[Македонија]]. Преку новоформираните речни долини истекле сите езера, а останале само оние кои постојат и ден денес: [[Охридско Езеро]], [[Преспанско Езеро]] и [[Дојранско Езеро]].
 
Во '''квартерниот период''', особено во дилувијалната епоха, во текот на плеистоценот повисоките планини и планинските реки биле прекриени со ледници. Со активен процес на глацијација, при што се создале леднички облици - циркови, валови и големи моренски наслаги и бадеми, биле зафатени планините: [[Шар Планина]], [[Галичица]], [[Враца]], [[Рудока]], [[Кораб]], [[Дешат]], [[Стогово]], [[Караорман]], [[Јабланица]] и [[Баба (планина)|Баба]] со [[Пелистер]] во Западномакедонската зона. Во Пелагониската зона со глацијација биле зафатени планините: [[Даутица]], [[Јакупица]] и [[Караџица]]. Со помал степен на глацијација била зафатена планината [[Ниџе]] со врвот [[Кајмакчалан]]. Во Вардарската зона имало помал степен на глацијација на планината [[Кожуф]]. Со малку поголема глацијација биле зафатени планините од Родопската зона, особено планината [[Осогово]] со врвот [[Руен]].<ref>[http://www.igeografija.mk/Portal/?p=876 Салаковски Езера – Горските очи на Јакупица]; преземено од порталот И-географија</ref>
 
Според геолошкиот состав во [[Република Македонија]] има карпи од магматско, седиментно и метаморфно потекло, а нивната старост датира од преткамбриумот па се од најмладиот квартерен период.
Анонимен корисник