Алкибијад: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Политичка кариера: Јазично подобрување, replaced: ривал → соперник
с Јазична иаправка, replaced: опоненти → противници (2)
Ред 15:
}}
 
'''Алкибијад''' ([[старогрчки јазик|грчки]]: Ἀλκιβιάδης Κλεινίου Σκαμβωνίδης; 450 г. [[п.н.е.]] [[Атина]] - 404 г. [[п.н.е.]] [[Фригија]]) бил истакнат атински државник, оратор и генерал. Тој бил последен член и претставник на познатото аристократско семејство, [[Алкемениди]]. Алкибијад одиграл голема улога во развојот на настаните во текот на [[Пелопонески војни|Пелопонеските војни (431-404 п.н.е.)]]. Во неколку наврати ја променил политичката приврзаност и стратегија. Во неговата родна [[Атина]] во последните децении на [[5 век п.н.е.|V век п.н.е.]] тој се залагал за агресивна надворешна политика а бил и истакнат поборник за остварување на [[Сицилиска експедиција|Сицилиската експедиција]], но одкако неговите политички противници против него поднеле обвинение за сквернавење, успеале да го одтргнат од политичката сцена во Атина. Тој во 415 г. [[п.н.е.]] преминал во [[Спарта]] каде што служел како стратегиски советник, предложувајќи неколку напади насочени кон [[Атина]]. Но и во [[Спарта]] стекнал политички непријатели и во 412 г. [[п.н.е.]] бил приморан да ја напушти и да пребега во [[Персија]]. Таму служел како советник на [[сатрап]]от [[Тисаферн]] се додека неговите политички приврзаници не го повикале назад во [[Атина]] каде што повторно бил назначен за Атински генерал (стратег), но по неколку години на неговите политички опонентипротивници им успеало по вторпат да го протераат од [[Атина]].
 
Алкибијад се служел со невообичаени воени тактики, најчесто ги добивал градовите по пат на предавство, подкуп или преговори одколку со опсада. Но неговиот талент на многупати се покажал како вреден за почит и корисен на било кој [[Град-држава|полис]] или држава која го имала во своја служба. Но неговата склоност да си создава моќни непријатели не дозволувала тој да остане на висока позиција подолго време.
Ред 30:
===== Сицилиска Експедиција =====
 
Следната година, пратеници од градот [[Сегеста]] на [[Сицилија]] пристигнале во [[Атина]] да побараат воена помош во нивната борба притив најмоќниот град на островот - [[Сиракуза]]. Грчките градови во [[Сицилија]] биле дел од големата мрежа на грчки колонии во [[Медитеран]]от формирани во раното [[железно доба]]. Околу 415 г. п.н.е. [[Сиракуза]] која пак била [[Дорци|Дорска колонија]], се обидувала да го прошири нејзиното влијание на другите градови во [[Сицилија]], што значело дека доколку таа добие супрематија на [[Сицилија]], и [[Спарта]] ќе ја има нивната наклонетост. Покрај фактот што [[Сиракуза]] била сојузник на [[Спарта]], на [[Атина]] и била неопходна поддршка од надвор за самиот нејзин опстанок. За разлика од течението на реката [[Еурота]] која во [[Спарта]] обезбедувала плодни региони, [[Атика]] подолго време се соочувала до недостаток на вегетација и плодно земјиште, поради што тамошното население во урбанизирана средина се соочувало со сериозни недостатоци на многу продукти. Основни производни дејности биле виното и маслинките кои заедно со грнчарските производи биле користени во надворешната трговија, на источниот [[Медитеран]]. Воспоставувањето на нови колонии на плодни региони или стекнување зависност од веќе постоечките, било од големо значење. А [[Сицилија]] под доминација на [[Сиракуза]] во ова време била една од главните извозници на жито во Грчкиот свет. Со [[Сицилиска Експедиција|Сицилиската експедиција]] Алкибијад согледувајќи ја ваквата можност, го изнесол предлогот пред Атинското сообрание, убедувајќи го во поволностите и придобивките од ваквиот подфат. Пролетта 415 г. п.н.е. советит изгласал да се испрати Атинска флота, под здружена команда на Алкибијад и неговиот стар политички непријател [[Никија]]. Но една ноќ за време на подготовките за експедицијата, во Атина се случил скандал одкако Атињаните ги посведочиле резултатите од сквернавење на статуите на богот [[Хермес]], во кое сите [[Херма|херми]] биле вандализирани. Атињаните не само што сметале дека ваквиот акт ја осудува на целосна пропаст Сицилиската експедиција, туку и за негов подтикнувач го обвиниле Алкибијад и неговите пријатели. Судењето било одложено, па Алкибијад со Атинската флота тргнал на [[Сицилиската експедиција]] од пристаништето Пиреј, a неговите опонентипротивници успеале да го осудат во одсуство за сквернавење на хермите и [[богохулство]] за време на Елеузинските мистерии, и испратат пратеници кои ќе го повикаат назад во Атина да се појави заради спроведување на смртна казна.
 
===== Пребегнување во Спарта и Персија =====