Ѓакон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
с Додадена категорија
Ред 4:
 
==Историја==
Ѓаконите се спомнуваат уште од [[апостолско време]]. Имено, бидејќи апостолите се наоѓале на чело на црквата, нивната прва и основна служба била проповедање за Исус Христос и неговото учење. Но, кога бројот на ученици се зголемил, а грижите околу управувањето на црковните општини се намножиле, апостолите предложиле да се изберат посебни луѓе кои ќе ја преземат грижата околу административните и други работи: „''Не е праведно ние да го оставиме Божјото слово и да служиме околу трпезите. Затоа, браќа, изберете меѓу себе седум мажи, со добар углед, полни со [[Бог Свет Дух|Светиот Дух]] и мудрост, на кои ќе им ја довериме таа должност, а ние и натаму ќе им се оддадеме на молитвата и на службата на словото''.” (Дап. 6,2-4). Тогаш избрале седуммина ([[Свети првомаченик и архиѓакон Стефан|Стефан]], Филип, Прохор, Никифор, Тимон, Пармен и Николај), кои црквата ги нарекува ѓакони.
 
Во почетокот на [[христијанство]]то, во апостолско време, во црквата служеле и постари, набожни жени наречени – [[ѓакониса|ѓакониси]] ({{lang-gr|διακονίσσαι}}). Со текот на времето, оваа служба исчезнала. Ѓаконите пред сѐ имале литургиска и катихетска функција, но во некои случаи вршеле и мисионерска служба и проповедале (Дап 7,2; 8,5).
 
==Ѓаконите во Римокатоличката црква==
Ред 14:
 
==Ѓаконите во православните цркви==
Ѓаконот во православните цркви е свештенослужителски чин и почетен степен на црковната ерархија, посветен со [[хиротонија]]. Ѓаконот е ракоположен од [[епископ]]от, а во богослужбите им помага на епископите и [[презвитер]]ите. Службата на ѓаконите се нарекува ѓаконија (грч. διακονία), но тој збор се наоѓа во [[Нов завет|Новиот завет]] не само како значење на службата на ѓаконот (Рим 12,7), туку и како воопштено значење на службата (Евр 1,14), службата на пророците, апостолите (1 Тим 1,12; Дап 1,17). Постојат ѓакони во световниот (мирски) и монашки ред (јероѓакон), со почесните титули – [[протоѓакон]] за мирскиот, и [[архиѓакон]], за монашкиот.
 
===Ѓаконова одежда===
Ред 32:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Христијанство]]
[[Категорија:Православие]]
[[Категорија:Верски занимања]]
[[Категорија:Христијански поими]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Ѓакон