Хуни: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Хунскиот племенски сојуз во Панонија: Правописна исправка, replaced: превзе → презе
с →‎Рана историја: Јазична исправка, replaced: Каспиското море → Каспиското Море
Ред 5:
== Рана историја ==
 
Кинеските извори ја следат историјата на Хуните на подрачјето на денешна Монголија уште од IV век п.н.е. Според нив овој номадски народ во североисточна [[Кина]] во IV век п.н.е формирал племенски сојуз кој обединувал 24 родови, кој во кинеските пишани извори бил наречен Империја Хуну. Во II век од н.е овој народ станал значаен фактор во историјата на средноазиските и источноевропските области. Под притисокот на нивните источни и јужни непријатели – тунгускиот народ Сиен-Ги од исток и династијата Хан во Кина од југ, еден дел од хунските маси население започнал да се раздвижува на запад кон Аралското и Каспиското мореМоре. Во почетокот на III век Хуните продреле во европска Сарматија и Подкавказието, каде до средината на IV век успеале да го потчинат поголемиот дел од сарматското племе Алани, а другиот дел го принудиле да се повлече кон запад, во Средна Европа, помеѓу реките [[Тиса (река)|Тиса]] и [[Дунав]]. На тој начин околу 350 година на териториите помеѓу реките [[Дон]] и [[Волга]] и планината [[Кавказ]] бил формиран големиот племески воен сојуз на Хуните. Западно од него се наоѓал племенскиот сојуз на Остроготите. Во 375 г. во жестока битка Хуните ги поразиле Остороготите и го ликвидирале нивниот племенски сојуз.
По победата над Остроготскиот сојуз, Хуните продолжиле да се движат кон запад и предизвикале раздвижување на цела низа племиња со што и започнала Големата преселба на народите.
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Хуни