Орландо: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Клима: Правописна исправка, replaced: Атлантскиот океан → Атлантскиот Океан
с →‎Клима: Правописна исправка, replaced: скиот залив → скиот Залив (2)
Ред 28:
== Клима ==
Климата во Орландо е преодна, со многу карактеристики на тропска клима иако според Купен, климатскиот класификационен систем Орландо технички се наоѓа на јужниот раб на [[суптропска клима|влажносуптропскиот]] климатски појас. Постојат две главни сезони секоја година. Една од нив е топла и дождлива и трае од јуни до крајот на септември (се совпаѓа со сезоната на урагани во Атлантикот). Другата е сува и топла сезона (од октомври до мај) и се одликува со поретки врнежи, но сепак со топли температури. Топлата и влажна клима во областа е првенствено предизвикана од нејзината ниска надморска височина, нејзината релативно блискост до Северниот Повратник и локацијата во центарот на полуостровот. Многу од карактеристиките на климата се резултат на близината на Голфската струја која тече покрај островот Флорида.
За време на влажната летна сезона во Орландо, температурите ретко паѓаат под 70 степени по Фаренхајт (21 степен Целзиусов), а дневната просечна температура во деведесеттите години изнесуваше 32-37 степени Целзиусови. Влажноста на областа дејствува како отпорник, спречувајќи ја температурата да не надмине 100 степени по Фаренхајт (38 степени Целзиусови), притоа вршејќи притисок на топлинскиот индекс на повеќе од 110 степени по Фаренхајт (43 степени Целзиусови). Највисоката температура во градот беше измерена на 2 Јули 1998 година и изнесуваше 38 степени целзиусови. Во текот на овие месеци, речиси секојдневно се случуваат силни попладневни бури. Овие бури се предизвикани од воздушните маси на Мексиканскиот заливЗалив. Тие се нагласени со спектакуларни молњи а исто така може да се појават поројни дождови (понекогаш и неколку инчи на час) и моќни ветрови како и повремен силен град.
Во текот на поладните сезони, влажноста е помала, температурите се поумерени и можат многу брзо да се променат. Во јануари ноќната температура паѓа просечно на околу 10 степени Целзиусови, а просечната дневна температура достигнува до околу 22 степени Целзиусови. Може да се случи температурата да падне и до 0 [[степени Целзиусови]]. Бидејќи зимската сезона е сува и ниските температури се јавуваат многу ретко и тоа откако ќе поминат ладните бранови (придружени со врнежи). Снегот е исклучително редок.
Просечните годишни врнежи во Орландо изнесуваат 122,8 см, од кои најголем дел се случуваат во периодот од јуни до септември. Месеците од октомври до мај ја претставуваат најсушната сезона во Орландо. Во овој период (посебно во неговите подоцнежни месеци) често постои опасност од шумски пожари. Во текот на некои години, пожарите беа многу сериозни. Во 1998 година, силниот Ел Нињо предизвика јануари и февруари да се невообичаено влажни месеци проследени со суша во текот на пролетта и раното лето притоа предизвикувајќи сезона на рекордни шумски пожари која создаде бројни знаци на тревога за квалитетот на воздухот во Орландо и тешко го погоди и нормалниот секојдневен живот, вклучувајќи го и одложувањето на трката на Пепси 400 НАСКАР во близина на плажата Дејтона таа година.
Орландо има многубројно население и тука постои голема опасност од урагани, иако ризикот не е толку голем како што е во урбаните коридори во јужна Флорида или другите крајбрежни региони. Со оглед на тоа дека градот се наоѓа на 68 км оддалеченост од Атлантскиот Океан и 124 км оддалеченост од Мексиканскиот заливЗалив, пред да стигнат до градот ураганите обично губат јачина. Брановите исто така не се загрижувачки фактор бидејќи регионот се наоѓа на 100 метри надморска височина. Но и покрај неговата местоположба, во градот се појавуваат силни урагани. За време на познатата сезона на урагани во 2004 година, Орландо беше погоден од три урагани кои предизвикаа значителна штета. Меѓу нив најопасен и најштетен беше ураганот Чарли. Градот исто така доживеа голема штета за време на ураганот Дона во 1960 година.
Торнадата обично не се поврзани со силните електрични бури кои настануваат на лето. Двете најголеми торнада во историјата на областа кои се случија во февруари се торнадото од 1998 година кога загинаа 42 лица, и во тоа во 2007 година кога загина 21 лице.
= Облакодери =
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Орландо