Швајцарска народна партија: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: мини|Лого на Швајцарската народна партија '''Швајцарска народна...
(нема разлика)

Преработка од 11:51, 20 март 2021

Швајцарска народна партија (на германски: Schweizerische Volkspartei, SVP; на реторомански: Partida populara Svizra, PPS), исто така позната како Демократски сојуз на центарот (на италијански: Unione Democratica di Centro, UDC; на француски: Union démocratique du centre, UDC) — национал-конзервативна, десничарска популистичка политичка партија во Швајцарија. Заклучно со 2019 година, партијата е најголема во Националниот совет со 53 места. Има шест места во Советот на кантоните. Партијата брои 90.000 членови.[1]

Лого на Швајцарската народна партија

Партијата настанала во 1971 година од спојувањето на Партијата на земјоделци, трговци и независни и Демократската партија. Партијата претрпела длабоки структурни и идеолошки промени во текот на 1990-тите. Швајцарската народна партија станала најсилната партија во Швајцарија во 2000-тите.[2] Партијата започнала да се фокусира сè повеќе на прашања како што се евроскептицизмот и спротивставувањето на масовната имиграција. Гласачкиот удел на партијата од 28,9% на изборите за Федералниот совет во 2007 година бил најголемиот гласачки удел некогаш забележан за една партија во Швајцарија до 2015 година, кога партијата го надминала сопствениот рекорд со гласачки удел од 29,4%.[3][4]

Наводи

  1. The Swiss Confederation — A Brief Guide. Federal Chancellery. 2015. стр. 18. Архивирано од изворникот (PDF) на December 20, 2016. Посетено на December 14, 2016.
  2. Cormon, Pierre (2014). Swiss Politics for Complete Beginners. Editions Slatkine. ISBN 978-2-8321-0607-5. Архивирано од изворникот на 2014-11-04.
  3. „Record poll win for Swiss right“. BBC News. 22 октомври 2007. Посетено на 15 февруари 2011.
  4. „Anti-immigration party wins Swiss election in 'slide to the Right'. The Daily Telegraph. Reuters. 19 октомври 2015. Посетено на 19 октомври 2015.

Надворешни врски