‘Рскавичнокоскени риби: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Замена со тековен назив на предлошка, replaced: цитирана веб страница → Наведена мрежна страница using AWB
с →‎top: Правописна исправка, replaced: претци → предци
Ред 20:
'''‘Рскавичнокоскените риби''' ([[Латински јазик|лат]]. '''Chondrostei''') се поткласа на зракоперкови риби кои се одликуваат по тоа што нивниот [[скелетен систем]] е првенствено изграден од [[‘Рскавица|‘рскавица]], но се забележува и [[окоскување]] (осификација). Во оваа поткласа постојат 52 вида поделени во два реда - ''[[Кечиговидни|Acipenseriformes]]'' и ''[[Polypteriformes]]''.
 
Се смета дека претцитепредците на ‘рскавичнокоскените риби биле [[коскени риби]], но окоскените делови биле изгубени во подоцнежниот [[Еволуција|еволуциски]] развиток. Постарите ‘рскавичнокоскени риби покажуваат зачтоци на окоскување на скелетот, што укажува на тоа дека овој процес е одложен наместо изгубен кај овие риби.<ref name="chondro">{{Наведена мрежна страница | url=http://www.palaeos.com/Vertebrates/Units/090Teleostomi/090.300.html |title =Chondrosteans: Sturgeon Relatives |publisher=paleos.com }}</ref>
 
Порано оваа група се класифицирала заедно со [[Ајкула|ајкулите]]: сличностите помеѓу нив се очигледни, и тоа не само по отсуството на коски, туку и структурата на вилицата е посродна со онаа од ајкулите отколку со другите коскени риби, а и кај двете групи отсуствуваат [[Лушпа (зоологија)|лушпи]] (со исклучок на [[Кечига|кечигите]]). Меѓутоа, за разлика од нивниот надворешен изглед, фосилните наоди укажуваат на тоа дека овие риби имаат многу заеднички особини со [[Вистински коскени риби|телеостеите]].<ref name="chondro"/> Додатни сличности се [[Спиракула|спиракулите]] и хетероцеркната опашка ([[прешлен]]ите се издолжуваат во поголемиот резен од [[Опашна перка|опашната перка]]).