Природно-математички факултет - Скопје: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
с Правописна исправка, replaced: претци → предци
Ред 22:
== Историја ==
 
На [[16 декември]], [[1946]] г., на Природно-математичкиот оддел, кој, заедно со Историско-филолошкиот оддел го сочинуваа [[Филозофски факултет|Филозофскиот факултет]], започна првата високошколска настава во [[Република Македонија]], на катедрите за математика, физика, хемија, биологија и географија со етнологија. Тоа беше првиот факултет кој почна да изведува настава на [[македонски јазик]] по [[Втора светска војна|Втората светска војна]]. Формирањето на Филозофскиот факултет била насушна потреба во тоа време. Тоа претставува дел од македонската историја и, конечно, можност да се остварат заветите на нашите претципредци, кои уште во поче­то­кот на минатото столетие напра­виле прв, но, за жал неуспешен обид, да основаат македонска педагошка ака­де­мија.
 
Во периодот од [[1946]] г., па во наредните 12 години, Природно-математичкиот оддел беше дел од Филозофскиот факултет. Тоа се првите почетоци, кога со голем ентузијазам на најуспешните средношколски професори, заедно со угледни професори од [[Белград]], [[Загреб]] и [[Љубљана]], се поставени темелите на развојот на природно-математичките науки во Република Македонија. Во тој ран период се образовани голем дел од идните професори на Природно-математичкиот факултет, кои подоцна ќе бидат главни носители на образовната и научната дејност на [[факултет]]от. Иако материјалните и просторните услови за работа во тоа време биле прилично скромни, благодарение на несебичното залагање и квалитетот на тогашните професори, наставата не заостанувала битно зад земјите со постара традиција.
Ред 31:
 
== Моментална состојба ==
Денес, Природно-математичкиот факултет брои 176 наставно-научни работници, кои, покрај наставата на матичниот факултет, изведуваат настава и на десетина други факултети на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, како и на други универзитети во државата. Факултетот има соработка со над 20 држави во светот. Големиот број објавени трудови во домашни и во странски научни списанија, големиот број домашни, странски и билатерални научноистражувачки проекти, учеството на голем број научни собири во земјата и во странство, големиот број учебници, книги, монографии, сами по себе кажуваат многу за активностите и за развојот на Природно-математичкиот факултет во изминатите 60 години.
 
== Институти ==