Зебра: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
с Правописна исправка, replaced: 0 kg → 0 кг (2)
Ред 20:
'''Зебрата''' е член на фамилијата на [[коњ]]и кој се одликува со живописна телесна покривка со бели и црни линии. Зебрите се наоѓаат само во [[Африка]], но нивните забележливи линии ги прават едни од најпознатите цицачи во светот. Постојат неколку видови на зебри, од кои секоја се одликува со различен начин на обојување: [[Гревиева зебра]], [[планинска зебра]] и [[обична зебра]] (позната и како Берчелова зебра).
 
Зебрите се членови на фамилијата [[Equidae]] која исто така ги вклучува и коњите и [[Магаре|магарињата]]. Најраниот познат предок на [[животни]]те во оваа фамилија било мало животно наречено [[хиракотериум]] или еохипус кој живеел пред 60 милиони години за време на [[плеистоцен]]от. Животните кои се сметаат за директни наследници на модерниот коњ, магаре и зебра се појавиле во [[Европа]], Африка и [[Азија]] пред околу 4 милиони години за време на [[плиоцен]]от.
 
Како и другите членови на фамилијата на коњи, и зебрите се пасечки животни. Тие ја добиваат својата енергија од [[трева]], [[Лист|лисја]] и [[Корен|корења]]. Зебрите имаат многу предатори, а најчести се [[лав]]от и [[Хиена|хиените]], но во последните 200 години и луѓето се голема закана за нивниот опстанок. [[Квага]]та, зебра со линии на главата и вратот, но често без линии по страните, живеела во [[Јужна Африка]] до [[1870]]-тите, кога се ловела до изумирање. Денес, Гревиевата и планинската зебра се во опасност од истребување поради [[лов]]от и уништувањето на нивните живеалишта.
Ред 41:
[[Податотека:HartmannsZebraByTrisha.jpg|thumb|200px|лево|Хартманова планинска зебра.]]
 
Иако зебрите се слични по форма со коњите, тие се генерално помали, со исправени [[Грива|гриви]] и кратки опашки. Планинската зебра е најмалиот вид на зебра. Возрасните единки се високи околу 1,2 m во пределот на рамениците. Возрасните рамнински зебри се малку поголеми, со висина од околу 1,4 m. Гревиевата зебра е најголем вид; возрасните единки достигнуваат околу 1,5 m. Рамнинските и планинските зебри тежат од 290 до 340 kgкг, а Гревиевата тежи и до 450 kgкг, што е иста тежина како и онаа на типичниот коњ за јавање. Кај рамнинските и планинските зебри, машките единки се нешто поголеми од женските, но кај Гревиевата зебра и двата пола се еднакво тешки.
 
Како и коњите, и зебрите имаат добро развиено сетило за слух. Тие ги вртат нивните уши и очи кон изворот на звук за да ги детерминираат движењата кои може да индицираат опасност. Позицијата на нивните уши помага исто така за да се одреди нивното расположение, друга особина која ја делат овие животни со коњите. Сетилото за мирис не е добро развиено, но тие се многу чувствителни на дим.
 
Зебрите имаат длетовидни заби секачи на предниот дел од нивните вилици и големи катници кои ја раздробуваат храната. Дигестијата кај зебрата е неефикасна во разложувањето на храната и апсорпцијата на хранливи материи. За надоместок на ова, зебрите поминуваат над половина од нивното време во јадење.
Ред 49:
==Зебрата како тема во уметноста и во популарната култура==
Зебрата се јавува како тема во бројни дела од [[уметност]]а и [[Популарна култура|популарната култура]], како:
* „Кенгурот и зебрата“ - басна на американскиот писател [[Емброуз Бирс]].<ref> Емброуз Бирс, ''Басни''. Скопје: Темплум, 2016, стр. 67.</ref>
 
== Наводи ==
Ред 57:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Зебри| ]]
[[Категорија:Непарнокопитни]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Зебра