Милован Глишиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: бил роден → е роден
Бришење на "Milovan_Glisic_a_Serbian_writer.jpg", беше избришана од Заедничката ризница од страна на Thuresson поради: Per a Deletion Request: [[:c:Common
Ред 37:
 
== Животопис ==
 
[[Податотека:Milovan Glisic a Serbian writer.jpg|мини|лево|150п|<center>Милован Глишиќ во младите денови.]]
Милован Глишиќ е роден на 7(ст. кал.)/19 (нов кал.) јануари 1847 година, во село Градац покрај [[Ваљево]] од татко Ѓорѓе и мајка Јевросима. Во неговото село немало училиште, но родителите го подучувале, и го научиле да пишува. Вака подготвен, Милован Глишиќ во [[Ваљево]] веднаш бил примен во второ одделение во основното училиште. Кога во [[1864]] година запишал Белградска нижа „теразиска“ гимназија, веќе имал седумнаесет години. Поради сиромаштија сам морал да се снаоѓа, а материјалната положба му се влошила кога во 1865 година починал татко му. Потоа започнал да учи техника на Големото училиште (српски: Велика школа), но по две години ја остава техниката и учи филозофија во истoто училиште. Кога го прекинал школувањето, поставен е за коректор на државната печатница. Глишиќ работел различни работи, кои можел да ги најде. Иако ова му одземало многу време, сепак бил добар ученик. Покажувал интерес не само за училишни предмети; многу читал и учел [[руски јазик|руски]], [[француски јазик|француски]] и [[германски јазик|германски]]. Бил во два наврата уредник на официјалниот „Српски весник“(„Српске новине“), во друго време драматург во Народниот театар (Народно позориште) и кон крајот на животот бил помошник на управникот на Народната библиотека (Народна библиотека). Бил и главен уредник на Српски весник (Новине Србске).