Историја на Америка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Стилска исправка, replaced: Централна Америка → Средна Америка (2) using AWB
с →‎Шпанска колонизација: Правописна исправка, replaced: Новиот свет → Новиот Свет
Ред 9:
Првите шпански колонисти, кои [[Колумбо]] ги довел со себе на своето второ патување, се населувале крај [[Кариби]]те. Но, во [[1518]] година, [[Хернандо Кортес]], кој дотогаш бил неуспешен чиновник на шпанската влада на [[Куба]], решил да поведе мала воена експедиција (околу 600 луѓе) против [[Ацтеки]]те во [[Мексико]] и нивниот император [[Монтезума]]. Неговиот прв напад не успеа, но без да знаат, Кортес и неговата војска ги заразиле Ацтеките со големи [[сипаници]]. Епидемијата го десеткувала ацтечкото население и им овозможила на Шпанците да го освојат [[Тенохтитлан]].
 
Дваесет години подоцна, [[Франциско Пизаро]] го освоил [[Перу]]. Шпанците кои сакале да преземат експедиција во Новиот светСвет, морале да добијат дозвола од Круната и да му платат на монархот една петтина од секое богатство собрано во новите колонии, а притоа колонизаторите сами ги финансирале своите експедиции. Првите шпански колонисти во Америка биле заинтересирани само за експлоатација на златото и среброто, и успевале во тоа. Цели 300 години, почнувајќи од [[16 век]], рудниците во шпанска Америка давале десетпати повеќе злато и сребро од рудниците на цел свет заедно. Овие богатства ја направиле [[Шпанија]] во тоа време најбогата и најсилна земја на светот.
 
Кон крајот на 16 век, Шпанската империја станала една од најголемите во историјата на светот. Ги опфаќала: [[Кариби]]те, [[Мексико]], [[Јужна Америка]] (денешни [[Чиле]], [[Аргентина]] и [[Перу]]) и [[Северна Америка]]. Шпанската тврдина изградена во [[1565]] година во [[Сент Аугустин]] на [[Флорида]], станала првата постојана европска населба во денешните [[Соединети Држави]].