Macrophya tenella: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Taxobox | regnum = Animalia | phylum = Arthropoda | classis = Insecta | ordo = Hymenoptera | subordo = Symphyta | superfamilia = ...
(нема разлика)

Преработка од 20:50, 19 март 2021

Macrophya tenella
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Hymenoptera
Подред: Symphyta
Натсемејство: Tenthredinoidea
Семејство: Tenthredinidae
Род: Macrophya
Вид: M. tenella
Научен назив
Macrophya tenella
(Mocsary, 1881)

Macrophya tenella е вид на растителна оса во семејството Tenthredinidae.

Живеалиште

Географски осата се среќава во Унгарија и во Македонија.[1]

Биологија

Главата им е црна а од горе блескава, горната усна, клипеусот и основата на мандибулите се бледожолти, антените црни и покуси од главата и градите. Градите се црни, работ на пронотумот, тегулите попречниот појас на мезоплеурите и епистернумот на метаплеурите бледожолти. Мезонотумот пунктиран и блескав. Крилата стаклесто провидни, жилките и стигмата темнокафеави.[1] Нозете бледожолтеникави, основата на предните кокси, горниот и долниот дел на задните кокси, делумно предните тибии, врвовите на задните тибии и сите тарзуси црни. Абдоменот црн, задните рабови на тергитите жолтеникави, долниот дел на абдоменот исто така, со жолтеникави задни рабови на стернитите. Деветтиот сегмент во поголемиот дел жолт.[1]

Ларвите и биологијата на видот се непознати.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 236