Чикаго Булс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎1995-1998: Вторa низа на титули: Јазично подобрување, replaced: еден поен → еден бод
с Јазично подобрување, replaced: поени → бодови (5)
Ред 43:
Артис Гилмор беше избран на АБА драфтот во 1976 година.Тој беше предводник на тимот, негови соиграчи беа Реџи Теус, Давид Гринвуд и Орландо Вулриџ.Во 1979 година ја изгубија шансата да изберат први играч на драфтот, но сепак се задоволија со изборот на вториот играч со име Давид Гринвуд.Истиот година на драфтот тимот на Лос Анџелес Лејкерс го избраа Меџик Џонсон. По замената на Гилмор во тимот на Сан Антонио Спарс за центарот Дејв Корзин, Булс создадоа силен напад со присуството на Теус во нивните редови.Во наредниот период доаѓаат уште двајца играчи кои исто така имале голем придонес во нападот Квентин Дејли и Енис Ватли.Покрај се, тимот се соочуваше со лоши резултати и реши да направи промена со продажбата на Реџи Теус на тимот Канзас Сити Најтс во текот на сезоната 1983-84 година.
1984-1998: Ерата на Мајкл Џордан
Летото 1984 година тимот на Булс ја измени својата иднина засекогаш со тоа што го доби третиот избор на играч на драфтот 1984 г. по тимовите на Хјустон и Портланд кои ги добија првиот и вториот избор на играч.Тимот ,,Рокетс’’ го избраа Хаким Олаџувон, ,, Блејзерс’’ го избраа Сем Боуви, а пак тимот на Булс го избра Мајкл Џордан со позиција бек. Тимот со ново оформеното раководство на сопственикот Џери Рајнсдорф и генералниот менаџер Џери Краус одлучи да направи целосна реконструкција на тимот, со што Џордан беше во преден план. Џордан постави рекорди во франшизата уште во неговите дебитантски години, трет играч во лигата по погодени поенибодови и четврт во украдени топки.Тој уште во првата година се избори и ги одведе Булс на Плејофот таа сезона, но за жал изгубија во првото коло од тимот на ,,Милвоки Бакс’’.Тој за неговиот труд таа година беше почестен со две награди, место помеѓу вториот тим на најдобрите играчи во НБА (All-NBA Team-second team) и наградата за најдобар најмлад играч во лигата.
Во наредната сезона тимот го купи играчот Џон Паксон кој играше на позицијата организатор на игра, и на денот на драфтот Булс направи договор со тимот Кливленд за крилниот центар Чарлс Окли. Овие играчи заедно со Џордан и центарот Дејв Корзин придонесоа многу за нападот на тимот во наредните две години. По повредата на стапалото на почетокот на сезоната 1985/86 година Џордан заврши втор по погодоци во тимот по соиграчот Вулриџ. Џордан се врати во Плејофот, Булс го заземаа осмото место и се соочија со тимот на ,,Бостон Селтикс’’ предводени од Лери Брд. Во тоа време Булс беа петти во најлош рекорд за влез во Плејофот од сите тимови на лигата. Иако Булс изгубија, Џордан забележа плејоф рекорд со постигнување на 62 бода во еден натпревар од плејофот (Овој рекорд се уште не е соборен), поточно на вториот натпревар против Селтикс тоа коло.Играчот од Селтикс Лери Брд изјавил за тој натпревар дека Господ бил маскиран како Мајкл Џордан.
Во сезоната 1986/87 година, Џордан го продолжи својот напад на книгите со рекорди во НБА, со просек од 37.1 бод по натпревар и првиот играч од тимот Булс кој бил избран помеѓу најдобрите играчи во лигата (All-NBA First Team).Булс ја завршија таа сезона со резултат од 40 добиени и 42 изгубени натпревари кој беше добар за квалификување во Плејофот. И покрај тоа тие беа поразени повторно од Селтикс во плејофот. На драфтот 1987 година Краус го одбра центарот Олден Полинис осми по оценки и крилниот центар Хорас Грант десетти по оценки.Додека сè уште траеше изборот на играчи, Полинис кој не беше заиграл за Булс беше продаден во тимот од Сиетл.Со ова тимот на Булс го доби правото на избор на Скоти Пипен со позиција крило.
Ред 60:
 
==1995-1998: Вторa низа на титули==
Харпер, Џордан, Пипен, Родма и Лонгли како прва петорка и Кер, Кукоч, Венингтон, Бушлер и Ренди Браун како измени, Булс поставија една од најдобрите подобрувања во лигата во рок од една сезона и најдобриот рекорд во натпревари за една сезона, промена од добиени 47 и изгубени 35 натпревари на 72 добиени и 10 изгубени кој е сè уште најдобриот рекорд во НБА лигата. Џордан ја доби по осми пат наградата за погодени поенибодови, Родман за петти пат наградата за скокови, додека Кер ја заврши сезоната како втор во погодени тројки во лигата.Џордан таа сезона ја собра наградата за највреден играч трипати, за време на регуларната сезона, за време на Ол Стар натпреварите и во Финалето.Краус беше назначен за менаџер на годината, Џексон за тренер на годината и интернационалецот Кукоч беше прогласен за најдобар шести човек на годината.
Пипен и Џордан таа година беа избрани во првиот тим на (All-NBA). Повторно Пипен и Џордан заедносо Родман беа избрани за одбранбениот прв тим на (All-NBA), со што Булс беа првиот тим во историјата со три играчи во одбранбениот прв тим на (All-NBA).
Покрај тоа, во 1995/96 година тимот има забележано други рекорди, како што се 33 добиени и 8 изгубени натпревари на гостински терен во регуларна сезона, најдобар почеток на еден тим во НБА со 41 победа и 3 изгубени натпревари, најдолгиот период без пораз на домашен терен (44 натпревари, 7 од минатата сезона), најдобар почеток на сезона на домашен терен со 37 победи и без порази. Булс исто така поставија и рекорд на втор тим во историјата по одиграни натпревари на домашен терен со 39 победи и 2 изгубени натпревари, пред нив во овој рекорд биле тимот на Селтикс во сезоната 1985/86 година со резултат од 40 побери и 1 изгубена на домашен терен.Булс таа година триумфирале над Гери Пејтон и Шон Кемп кои биле дел од тимот на ,,Сиетл Суперсоникс’’, со што тимот ја добил четвртата титула. Тимот на Булс од сезоната 1995/96 година е познат како еден од најдобрите тимови во историјата на кошарката.
Во сезоната 1996/97 година Булс за многу малце не ја одбележија втората сезона во низа со 70 победи во сезона.Тие загубија на последните два натпревари во регуларниот дел од сезоната и ја завршија сезоната со резултат од 69 победи и 13 порази.Тие ја повторија доминантноста на домашен терен со резултат од 39 победи и 2 порази во Јунајтед центарот.Таа сезона тимот ја освои повторно титулата, петта по ред ,играјќи во финалето против тимот ,,Јута Џез’’ кој ги имаше Џон Стоктон и Карл Мелоун во своите редови.Џордан таа година ја освои деветтата по ред титула во погодени поенибодови, а Родман ја освои титулата во скокови по шестти пат.Тие заедно со Роберт Периш кој исто така беше член на Булс во тоа време беа почестени со место меѓу најдобрите 50 играчи во историјата на НБА, при што истата година и НБА лигата ја слави својата 50-та сезона.
Сезоната 1997/98 година беше немирна сезона за НБА шампионот Булс. Како дел од проблемите беа многуте гласини за повторно заминување на Џордан, иднината на Фил Џексон како главен тренер беше исто во прашање, и односот помеѓу Џексон и генералниот менаџер на тимот Џери Краус кој создаваше вознемирување во тимот.Скоти Пипен очекуваше значително продолжување на договорот што самиот мислеше дека го заслужува, а пак не го добиваше од организацијата. Покрај сите проблеми и препреки, Булс имаа беспрекорна сезона со резултат во регуларниот дел од сезоната од 62 победи и 20 порази.Џордан повторно беше назначен за највреден играч во лигата по петти и последен пат, и Булс влегоа во плејофот како фаворит од источната конференција.
Во првиот дел од плејофот Булс играа против ,, Њу Џерси Нетс’’, тимот предводен од Кендал Гил и Сем Касел.Булс ги победија Нетс во три натпревари во низа.Нареден предизвик за Булс во плејофот беа ,,Шарлот Хорнетс’’ тимот којшто им приреди малце поголем отпор, но сепак на крајот Булс победија.По Нетс и Хорнетс, Булс во конференциското финале се сретнаа со ,,Индијана Пејсерс’’, каде што се одиграа шест регуларни натпревари на кој Булс имаше победи на домашен терен, и беше одигран и седми решавачки натпревар каде што Булс ги победија Пејсерс со резултат од 88-83. Со ова Булс го освоија Источното конференциско финале по шестти пат.
Ред 69:
 
==1999-2004: Шест тешки сезони==
Летото 1998 година донесе изненадувачки крај на шампионската ера.Краус имаше чувство дека екипата е веќе стара и не може да победува.Тој одлучи дека како единствени опции на тимот се, да го обнови тимот или соочување на тимот со бавно опаѓање.Планот на Краус беше да ги продаде играчите кои се веќе возрасни и да донесе нови таленти со избор на драфтот, додека ја ослободи и зголеми касата на тимот, со што ќе се купат некои слободни надежни играчи.На оваа идеја Краус добил вето од сопственикот на тимот Џери Реинсдорф, но затоа по одреден период тој го заменува Скоти Пипен за Рој Роџерс и дополнително право на избор на играч на драфтот таа година.Краус одбил да го продолжи договорот со Денис Родман и ги заменил Лук Лонгли и Стив Кер за да добие право за избор на повеќе играчи на драфтот. Тој го вработил Тим Флојд како нов тренер, по заминувањето на Фил Џексон.По краток прекин на сезоната 1998/99 година тимот на Булс играл со првата петорка која била предводена од страна на Ренди Браун како организатор на игра, Рон Харпер во позиција на бек, новиот играч Брент Бери во позиција на крило, Тони Кукоч како крилен центар и Бил Венингтон како центар. Кукоч го преводел тимот во поенибодови, скокови и асистенции, но сепак тимот потфрлил и победил само на 13 натпревари од 50 одиграни.Таа сезона Булс доживелае рекорд во историјата на НБА за најмалку дадени поенибодови во еден натпревар, односно 49 бода во натпреварот против тимот ,,Мајами Хит’’ на 10 Април.Во наредната сезона тимот го добива крилниот центар Елтон Бренд на драфтот, но пак ги загуби Харпер, Венингтон и Бери од клупата на Булс во периодот пред почетокот на сезоната.Таа сезона Кукоч се соочи со повреда која го спречи да игра поголемиот дел од сезоната, со што тимот беше предводен од Бренд и Рон Артест. И покрај тоа, тимот ја заврши сезоната со катастрофален резултат од 17 победи и 65 порази. Овој тренд на опаѓање на тимот продолжува и во наредните сезони каде што се прават измени на тимот, но сепак со неуспех да се врати победничкиот дух на Булс. Како освежување на тимот во наредните сезони беа донесени Џамал Крафорд, Бред Милер, Рон Мерсер, Маркус Физер, Тајсон Чендлер. Во 2001 тимот прави драстична замена на Мерсер,Артест,Милер и Кевин Оли во редовите на Индијана Пејсерс, а за возврат ги доби ветеранот Џален Роуз,Трејвис Бест и Норман Ричардсон.Измена истата година имаше и во местото на главен тренер каде што беше избран Бил Картврајт (поранешен играч).Таа сезона заврши со слаб резултат.Во наредните две сезони тимот започнува да ги зголемува победите, не драстично, но сепак се гледал прогрес во екипата.Нови играчи во наредните две сезони биле дебитантот Кирк Хајнрих, враќањето на Скоти Пипен, Еди Кари и Антонио Дејвис. Во сезоната 2003/04 година главниот тренер Бил беше отпуштен и заменет со поранешниот тренер на Феникс, Скот Скилс.Играч кој се издвојувал во овој период на тимот бил дебитантот Кирк Хајнрих кој имал одлични резултати.
 
==2004-2007:Враќање во плејофот==