Разлика помеѓу преработките на „Чикаго Булс“

Одземени 10 бајти ,  пред 7 месеци
с
Јазично подобрување, replaced: 1 поен → 1 бод, 2 поени → 2 бода, 3 поени → 3 бода, 5 поени → 5 бода, 9 поени → 9 бода
с (Правописна исправка, replaced: десети → десетти (2))
с (Јазично подобрување, replaced: 1 поен → 1 бод, 2 поени → 2 бода, 3 поени → 3 бода, 5 поени → 5 бода, 9 поени → 9 бода)
1984-1998: Ерата на Мајкл Џордан
Летото 1984 година тимот на Булс ја измени својата иднина засекогаш со тоа што го доби третиот избор на играч на драфтот 1984 г. по тимовите на Хјустон и Портланд кои ги добија првиот и вториот избор на играч.Тимот ,,Рокетс’’ го избраа Хаким Олаџувон, ,, Блејзерс’’ го избраа Сем Боуви, а пак тимот на Булс го избра Мајкл Џордан со позиција бек. Тимот со ново оформеното раководство на сопственикот Џери Рајнсдорф и генералниот менаџер Џери Краус одлучи да направи целосна реконструкција на тимот, со што Џордан беше во преден план. Џордан постави рекорди во франшизата уште во неговите дебитантски години, трет играч во лигата по погодени поени и четврт во украдени топки.Тој уште во првата година се избори и ги одведе Булс на Плејофот таа сезона, но за жал изгубија во првото коло од тимот на ,,Милвоки Бакс’’.Тој за неговиот труд таа година беше почестен со две награди, место помеѓу вториот тим на најдобрите играчи во НБА (All-NBA Team-second team) и наградата за најдобар најмлад играч во лигата.
Во наредната сезона тимот го купи играчот Џон Паксон кој играше на позицијата организатор на игра, и на денот на драфтот Булс направи договор со тимот Кливленд за крилниот центар Чарлс Окли. Овие играчи заедно со Џордан и центарот Дејв Корзин придонесоа многу за нападот на тимот во наредните две години. По повредата на стапалото на почетокот на сезоната 1985/86 година Џордан заврши втор по погодоци во тимот по соиграчот Вулриџ. Џордан се врати во Плејофот, Булс го заземаа осмото место и се соочија со тимот на ,,Бостон Селтикс’’ предводени од Лери Брд. Во тоа време Булс беа петти во најлош рекорд за влез во Плејофот од сите тимови на лигата. Иако Булс изгубија, Џордан забележа плејоф рекорд со постигнување на 62 поенибода во еден натпревар од плејофот (Овој рекорд се уште не е соборен), поточно на вториот натпревар против Селтикс тоа коло.Играчот од Селтикс Лери Брд изјавил за тој натпревар дека Господ бил маскиран како Мајкл Џордан.
Во сезоната 1986/87 година, Џордан го продолжи својот напад на книгите со рекорди во НБА, со просек од 37.1 поенбод по натпревар и првиот играч од тимот Булс кој бил избран помеѓу најдобрите играчи во лигата (All-NBA First Team).Булс ја завршија таа сезона со резултат од 40 добиени и 42 изгубени натпревари кој беше добар за квалификување во Плејофот. И покрај тоа тие беа поразени повторно од Селтикс во плејофот. На драфтот 1987 година Краус го одбра центарот Олден Полинис осми по оценки и крилниот центар Хорас Грант десетти по оценки.Додека сè уште траеше изборот на играчи, Полинис кој не беше заиграл за Булс беше продаден во тимот од Сиетл.Со ова тимот на Булс го доби правото на избор на Скоти Пипен со позиција крило.
Со Паксон и Џордан во одбранбената зона, Бред Селерс и Окли во напаѓачките редови, Корзин како силен центар и младите играчи Пипен и Грант влегуваа во игра како измени , Булс таа сезона направи голема фама со 50 добиени натпревари и влез во полуфиналето од Плејофот во источната конференција, каде за жал беа поразени од тогашниот шампион на истокот ,,Детроит Пистонс’’ во пет натпревари. Како и да е, за своите напори Џордан беше повторно награден со најголемата и најпрестижната награда во НБА, наградата за највреден играч. Истата награда тој ќе ја добие уште четири пати во неговата кариера. Оваа сезона исто така и го забелжува соперништвото кое заполнало помеѓу Пистонс и Булс во 1988 година. Сезоната 1988/89 г. исто така забележи големи промени како претходната во периодот пред почетокот на сезоната.Познатиот крилен центар Чарлс Окли, кој беше предводник во лигата по скокови во одбрана и напад сезоните 1987 и 1988 год, ноќта на драфтот 1988 година беше заменет во тимот на ,,Њујорк Никс’’ заедно со право на избор на играч на драфтот, кое Никс го употребија за Род Стрикленд. За возврат Булс го добија центарот Бил Картврајт и избор на играч од првото коло на драфтот, со кој го земаа центарот Вил Пердју во своите редови.Како дополнителна промена на тимот, Булс го купија и Крег Хоџес специјалистот за тројки од тимот на Феникс. Новата петорка која се состоеше од Паксон, Џордан, Пипен, Грант и Картврајт имаше време да се разигра.Без разлика на се тимот имаше помалце победи од претходната сезона, но сепак стигна до финалето на источната конференција од Плејофот беа повторно поразени во шест одиграни натпревари од шампионот Детроит Пистонс.
Во сезоната 1989/90 г. , Џордан беше најдобар стрелец во низа од четири сезона. Истата сезона Скоти Пипен му се приклучи во екипата на најдобрите играчи.Таа сезона имаше и голема промена во редовите на раководтсвото, каде што главниот тренер Даг Колинс беше заменет со асистентот Фил Џексон.На драфтот таа сезона Булс ги одбраа дебитантите Стејси Кинг со позиција центар и Б. Џ. Армстронг со позиција организатор на игра. Со овие играчи и почетната петорката од минатата сезона, Булс повторно стигнаа до конференциското финале каде што беше играна и дури седми натпревар, но сепак Булси немаа среќа и изгубија и на ова финале.
Есента 1993 година Џордан ја шокираше кошаркарската заедница со изјавата за негово пензионирање, неколку месеци откако тој дознал за убиството на неговиот татко. Булс тогаш беа предводени од Скоти Пипен, кој себе си се постави меѓу најдобрите играчи во лигата со освојувањето на наградата за највреден играч на Ол Стар (All-star games) натпреварите 1994 година.Тој беше потпомогнат во играта од Хорас Грент и Б.Џ Армстронг кои таа сезона беа за првпат одбрани за Ол Стар (All-star games) натпреварите.Останатиот дел од екипата на Булс беше составен од Картврајт, Пердју, Пит Маерс со позиција бек и дебитантот од Хрватска Тони Кукоч. И покрај 55-те победи на Булс во сезоната 1993/94 година, тие изгубија од Никс во втората рунда од плејофот, по свирнувањето на контраверзен прекршок од страна на судијата Хју Холинс во петтиот натпревар меѓу Булс и Никс. Тимот на Никс евентуално таа сезона стигна до финалето, но за жал загуби од тимот ,,Хјустон Рокетс’’.Следната сезона, односно 1994/95 година Булс ја забележија со заминување од стадионот во Чикаго кој беше нивни дом цели 27 години, тие го преселија клубот во Јунајтед центарот (United Center).
Во 1994 година Булс ги заврши договорите со Хорас Грент, Бил Картврајт и Скот Вилијамс, а пак Џон Паксон замина во пензија.Тие како замена ги земаа Рон Харпер со позиција бек за кој се зборуваше дека е класа на играч како Џордан и Џод Бушлер со позиција крило.
Булс во тогашниот состав ги имаше Армстрон и Харпер во одбранбените позиции, Пипен и Кукоч во позициите за напад и Пердју како центар.Покрај оваа петорка тие како замени ги имаа Стив Кер кој имаше многу прецизен шут, а тимот го донесе во своите редови пред сезоната 1993/94 година, Маерс и центрите Лук Лонгли (кој беше купен од тимот ,,Минесота Тимбервулвс’’ 1994 година) и Бил Венингтон.И покрај добрата екипа тимот се соочуваше со кризен период сезоната, но на 17 Март 1995 година добија новост дека Мајкл Џордан ќе се врати од пензија.На само петтиот натпревар од неговото враќање, Мајкл погоди 55 поенибода против Никс и го обезбеди пласманот Булс во плејофот каде го вознемири тимот ,,Шарлот Хорнетс’’.По неколку победи во првиот дел од плејофот, тие се соочија против тогашниот шампион, тимот ,,Орландо Меџик’’ каде што играа Хорас Грен, Анферне Хардавеј и Шекил O’Нил.Булс за жал не успеаа да ги победат тој плејоф.Кога Џордан се врати од пензија тој на првите неколку натпревари го носеше дресот со број 45 ( број на дрес со којшто играл во дебитантските години во универзитетската лига и втората лига). Тој го одбрал бројот 45 поради тоа што неговиот постар брат Лери го носел тој број во средно школо, а пак Мајкл сакал да биде барем пола успешен од тоа што бил брат му. Затоа тој го избрал бројот 23 што доаѓа како пола од 45 ( односно 22.5). Мајкл овој дрес со број 45 го носел само неколку натпревари, бројот 23 го сменил кога го играле вториот натпревар против Орландо Меџик тој плејоф. Во наредната предсезона, Булс го завршија договорот со Армстронг, и Краус го продаде Вил Пердју на тимот ,,Сан Антонио Спурс’’, за агресивниот и контраверзен специјалист во скокови во напад и одбрана Денис Родман кој ги освоил титулите за скокови четири години во низа.Тој е познат и како поранешен член на тимот ,,Детроит Пистонс’’ често нарекуван ,,Лоши момчиња’’ кој бил главен непријател на Булс во касните 1980-ти години.
 
==1995-1998: Вторa низа на титули==
Сезоната 1997/98 година беше немирна сезона за НБА шампионот Булс. Како дел од проблемите беа многуте гласини за повторно заминување на Џордан, иднината на Фил Џексон како главен тренер беше исто во прашање, и односот помеѓу Џексон и генералниот менаџер на тимот Џери Краус кој создаваше вознемирување во тимот.Скоти Пипен очекуваше значително продолжување на договорот што самиот мислеше дека го заслужува, а пак не го добиваше од организацијата. Покрај сите проблеми и препреки, Булс имаа беспрекорна сезона со резултат во регуларниот дел од сезоната од 62 победи и 20 порази.Џордан повторно беше назначен за највреден играч во лигата по петти и последен пат, и Булс влегоа во плејофот како фаворит од источната конференција.
Во првиот дел од плејофот Булс играа против ,, Њу Џерси Нетс’’, тимот предводен од Кендал Гил и Сем Касел.Булс ги победија Нетс во три натпревари во низа.Нареден предизвик за Булс во плејофот беа ,,Шарлот Хорнетс’’ тимот којшто им приреди малце поголем отпор, но сепак на крајот Булс победија.По Нетс и Хорнетс, Булс во конференциското финале се сретнаа со ,,Индијана Пејсерс’’, каде што се одиграа шест регуларни натпревари на кој Булс имаше победи на домашен терен, и беше одигран и седми решавачки натпревар каде што Булс ги победија Пејсерс со резултат од 88-83. Со ова Булс го освоија Источното конференциско финале по шестти пат.
Булс во финалето со тимот од минатата година, со Јута Џез кој беа предводени од Карл Мелоун познат како Поштарот и Џон Стоктон.Џез оваа година чуствуваа сигурност дека можат да ги победат Булс со победа на првиот одигран натпревар во Делта центарот во Јута.На вториот меѓусебен натпревар Булс победија на гостински терен со што го израмнија резултатот. Наредните два натпревари, односно третиот и четвртиот Булс ги одиграа на домашен терен каде ги добија и двата натпревари.Петтиот натпревар се одигра повторно во Делта центарот каде што Џез победија. Шестиот натпревар беше многу тежок подеднакво за двата тима, Џез преовладуваа на теренот за време на поголемиот дел од натпреварот, но затоа Булс го имаа искусниот Џордан во своите редови кој ги врати Булс во живот во последните мигови од натпреварот.Булс губеа со разлика од 3 поенибода на кој Џордан возврати со продорен двочекор каде што ја врати разликата на само еден поен.Во наредната акција Џордан ја украде топката од Карл Мелоун и го промени резултатот во полза на Булс 87-86. Со само 5.2 секунди преостанати за игра Џез пробаа да се вратат во игра со шут од тројка од странана Џон Стоктон кој промаши, со што Булс ја освоија осмата титула.По овие тешки натпревари во финалето, Џордан е прогласен за највреден играч во финалето за шестти пат во неговата кариера.Тој на 13 Јануари 1999 година се пензионира по втор и последен пат.
 
==1999-2004: Шест тешки сезони==
Летото 1998 година донесе изненадувачки крај на шампионската ера.Краус имаше чувство дека екипата е веќе стара и не може да победува.Тој одлучи дека како единствени опции на тимот се, да го обнови тимот или соочување на тимот со бавно опаѓање.Планот на Краус беше да ги продаде играчите кои се веќе возрасни и да донесе нови таленти со избор на драфтот, додека ја ослободи и зголеми касата на тимот, со што ќе се купат некои слободни надежни играчи.На оваа идеја Краус добил вето од сопственикот на тимот Џери Реинсдорф, но затоа по одреден период тој го заменува Скоти Пипен за Рој Роџерс и дополнително право на избор на играч на драфтот таа година.Краус одбил да го продолжи договорот со Денис Родман и ги заменил Лук Лонгли и Стив Кер за да добие право за избор на повеќе играчи на драфтот. Тој го вработил Тим Флојд како нов тренер, по заминувањето на Фил Џексон.По краток прекин на сезоната 1998/99 година тимот на Булс играл со првата петорка која била предводена од страна на Ренди Браун како организатор на игра, Рон Харпер во позиција на бек, новиот играч Брент Бери во позиција на крило, Тони Кукоч како крилен центар и Бил Венингтон како центар. Кукоч го преводел тимот во поени, скокови и асистенции, но сепак тимот потфрлил и победил само на 13 натпревари од 50 одиграни.Таа сезона Булс доживелае рекорд во историјата на НБА за најмалку дадени поени во еден натпревар, односно 49 поенибода во натпреварот против тимот ,,Мајами Хит’’ на 10 Април.Во наредната сезона тимот го добива крилниот центар Елтон Бренд на драфтот, но пак ги загуби Харпер, Венингтон и Бери од клупата на Булс во периодот пред почетокот на сезоната.Таа сезона Кукоч се соочи со повреда која го спречи да игра поголемиот дел од сезоната, со што тимот беше предводен од Бренд и Рон Артест. И покрај тоа, тимот ја заврши сезоната со катастрофален резултат од 17 победи и 65 порази. Овој тренд на опаѓање на тимот продолжува и во наредните сезони каде што се прават измени на тимот, но сепак со неуспех да се врати победничкиот дух на Булс. Како освежување на тимот во наредните сезони беа донесени Џамал Крафорд, Бред Милер, Рон Мерсер, Маркус Физер, Тајсон Чендлер. Во 2001 тимот прави драстична замена на Мерсер,Артест,Милер и Кевин Оли во редовите на Индијана Пејсерс, а за возврат ги доби ветеранот Џален Роуз,Трејвис Бест и Норман Ричардсон.Измена истата година имаше и во местото на главен тренер каде што беше избран Бил Картврајт (поранешен играч).Таа сезона заврши со слаб резултат.Во наредните две сезони тимот започнува да ги зголемува победите, не драстично, но сепак се гледал прогрес во екипата.Нови играчи во наредните две сезони биле дебитантот Кирк Хајнрих, враќањето на Скоти Пипен, Еди Кари и Антонио Дејвис. Во сезоната 2003/04 година главниот тренер Бил беше отпуштен и заменет со поранешниот тренер на Феникс, Скот Скилс.Играч кој се издвојувал во овој период на тимот бил дебитантот Кирк Хајнрих кој имал одлични резултати.
 
==2004-2007:Враќање во плејофот==