Разлика помеѓу преработките на „Борење“

Одземени 5 бајти ,  пред 2 месеци
с
Јазично подобрување, replaced: три поени → три бода
Ознака: Изворно уредување 2017
с (Јазично подобрување, replaced: три поени → три бода)
'''Борење''' е назив за спортска борба помеѓу двајца натпреварувачи во која секој од нив се обидува да ја преземе контролата или да воспостави контрола над противникот, со помош на зафат на раката и со силата на мускулите, а без удирање.
 
Борењето е еден од најстарите и најпопуларните спортови. Од 708г. п.н.е. овој спорт е дел од древните олимписки игри.
 
==Стилови и варијанти на борење==
 
Како традиционален спорт борењето постојано се развивало, така што денес имаме голем број на стилови и правила, од сумо борење, џудо, до разни варијанти на слободни стилови. Борењето често се користи во воена обука т.н. борба гради во гради. За сите стилови постои едно заедничкото правило дека е забрането да се удира противникот со раце, нозе, лакти и глава, како и неспортски потези како гребење, гризење, удари кон гениталиите и сл.
 
Разликата помеѓу одредени стилови е во времетраењето на борбата, бодирањето на поединечни зафати и листата на дозволени зафати.
'''Борењето обично се дели по стилови''':
 
Грчко-римски стил, во кој се забранети зафати под појасот
 
Слободен стил, во кој се дозволени зафати под појасот
Жени: до 48 кг, 53 кг, 55 кг, 58 кг, 60 кг, 63 кг, 69 кг и 75 кг
 
Борбата најчесто трае три периоди од по 2 минути, а победува оној кој остварил предност барем во два периода. Тоа значи дека ако еден борач води во првите два периода, автоматски се прогласува за победник и борбата завршува. Вкупниот број на освоени поени не е пресуден, на пример, ако во некоја борба резултатот по периоди е 2: 1, 0: 4 и 1: 0 вкупниот резултат е 3: 5, но победува борачот кој победил во два периоди, во овој случај, оној кој освои три поенибода. Ако еден од борачите го легне противникот со туш, борбата веднаш завршува, без оглед на периодот.
 
Борбата се одвива на боречки подлоги со пропишани димензии во присуство на судии. Од опрема борачите користат специјални трикоа и соодветни лесни обувки, а понекогаш се користат и специјални штитници за ушите, за да се спречат повреди на ушите при поцврсти зафати.
Борењето е олимписки спорт присутен во античките и модерните олимписки игри. За разлика од минатото, кога борбата траела со часови, сега трае 2 рунди по 3 минути.
 
Овој спорт е дел од програмата на сите модерни олимписки игри од првите Олимписки игри во Атина во 1896 година до последните во Рио де Жанеиро во 2016 година, со исклучок на Олимпијадата во Париз во 1900 година.
 
Во 2012 г. на Олимпијадата во Лондон учествувале 344 борачи, кои се бореле за 11 златни медали.
 
{{Спорт-никулец}}
 
[[Категорија:Борење]]