Милениумски развојни цели: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Сродни организации: Јазична исправка, replaced: едуцира → образова (2)
с →‎Сродни организации: Јазична исправка, replaced: едукативна → образовна
Ред 243:
„Милениумски ветувања“ е американска непрофитна организација посветена на постигнување на Милениумските развојни цели и основана во 2005 година од реномираниот меѓународен економист и специјален советник за Милениумските развојни цели во Генералниот секретеријат при ОН, професор [[Џефри Сакс]], заедно со водачот на Волстрит а воедно и филантроп, Реј Чембрс. Оваа организација го координира проектот за милениумските села во партнерство со Институтот за планетата Земја при Универзитетот во Колумбија и УНДП чија цел е да се покаже можноста за постигнување на целите преку интегриран пристап како и пристап предводен од заедницата за да се постигне сеопфатен развој. На овој проект моментално се работи на 14 веб-локации во 10 земји во Супсахарска Африка.
 
„Проектот против глобална сиромаштија“ е меѓународна образовна и едукативнаобразовна организација којашто употребувајќи ги своите мултимедијални презентации насловени „1,4 милијарди причини за Милениумските развојни цели“ ги образова луѓето за овие цели и за нивниот капацитет да стават крај на сиромаштвото во рок од една генерација. Тие патуваат до работните места на луѓето, училиштата, универзитетите, групи во заедницата и во црквите низ Австралија, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и Америка за да ги образоваат луѓето за знаењето и ресурсите коишто им се потребни за да се постигнат Милениумските развојни цели.
 
„Мика Челинџ“ е меѓународна кампања којашто ги поттикнува христијаните да ги поддржат Милениумските развојни цели. Нивната цел е „да ги охрабрат нивните водачи да ја преполоват глобалната сиромаштија до 2015 година."