Мутација: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Генски мутации: Јазично подобрување, replaced: делеција → бришењето
с →‎top: Јазична исправка, replaced: хередитарни → наследни
Ред 3:
Во [[генетика]]та, поимот '''мутација''' се однесува на трајна промена во [[ДНК]] секвенците од кои се состои [[ген]]от. Опсегот на мутациите е варијабилен; може да мутира или само една [[азотна база]] или цел [[хромозом]]ски сегмент.
 
Генските мутации можат да бидат наследени од родителите (''хередитарни'', ''наследни'', односно ''гаметски мутации''), или да се стекнат за време на животниот тек на единката. Наследните мутации се нарекуваат и [[Гамета|гаметски]] бидејќи тие се присутни и во [[јајце клетка]]та и [[сперматозоид]]от. Ваквиот вид на мутација е присутна во текот на целиот живот на единката и е присутна во речиси секоја [[клетка]] во телото.
 
Мутациите кои се случуваат само во една јајце клетка или еден сперматозоид се нарекуваат ''de novo'' мутации. ''De novo'' мутациите можат да го објаснат [[Генетско заболување|генетското заболување]] кај единката, но од нив не можат да се земат податоци за фамилијарната историја на заболувањето.