Судијата од Заламеја: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
с →‎Осврт кон делото: Јазично подобрување, replaced: индивидуални → поединечни
Ред 7:
„Судијата од Заламеја“ зазема посебно место во творештвото на Калдерон де ла Барка, а според некои критичари, таа претставува најдоброто дело на шпанскиот класичен [[театар]]. Истовремено, таа е неговата единствена [[Реализам|реалистична]] драма која обработува тема од секојдневниот живот и во која проблемите се решаваат на овоземен начин. Исто така, рамката на драмата е народна, а главните ликови се селани и [[Војска|војници]], што е нетипично за Калдерон кој, како дворски писател, претежно обработувал „возвишени“ теми. Основната проблематика во драмата е анализата на односот меѓу [[војска]]та и граѓаните, како и прашањата поврзани со граѓанските права, честа и достоинството на човекот. Притоа, симпатиите на писателот се на страната на народот при што тој ги возвишува ослободените селани, а ги карикира ситните [[Благородништво|благородници]].<ref>Nikola Milićević, „Između sna i jave“, во: Pedro Kalderon de la Barka, ''Život je san''. Beograd: Rad, 1977, стр. 122.</ref>
 
Речиси секој, дури и најспоредниот, лик во драмата има јасно обликуван портрет, своја смисла и улога, но целото дејство се врти околу две големи драмски личности – селанецот Педро Креспо и генералот дон Лопе. Во овие два лика, Калдерон ги насликал типичните карактеристики на нивните класи, но стопени со индивидуалнитепоединечните карактеристики и темпераментот, тие делуваат како живи ликови. Притоа, тие се прикажани посебно во својот свет, но и во судирот на нивните различни светови, од кој секој има своја цврста [[логика]]. И токму во таа антиномија, Калдерон ја покажал својата најголема сила и длабочина. Креспо и дон Лопе постепено растат еден од друг и еден наспроти другиот, како две големи сили кои се привлекуваат токму затоа што се различни, кои се борат зашто двете се тврди и кои се почитуваат онака како што се почитува силниот противник. Сепак, ликот на Креспо е малку поизразен и многумина сметаат дека тој е најсилната и најпотполната фигура на класичниот шпански театар.<ref>Nikola Milićević, „Između sna i jave“, во: Pedro Kalderon de la Barka, ''Život je san''. Beograd: Rad, 1977, стр. 123.</ref>
 
== Наводи ==