Многу голем телескоп: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазично подобрување, replaced: дијаметар → пречник |
с →Основни податоци: Јазично подобрување, replaced: Индивидуални → Поединечни |
||
Ред 33:
Многу големиот телескоп моментално е најпродуктивната и најмоќната опсерваторија на планетата, која се наоѓа на платото Серо Паранал на надморска висина од 2 400 м. МГТ се состои од четири главни телескопи со пречник на примарното огледало од 8,2 м и од четири помошни, подвижни телескопи со пречник од 1,8 м. Со оглед на неговото научно значење и својствата, годишно се добиваат 4-6 пати повеќе барања за негово користење од бројот на расположливи часови.<ref>[http://www.eso.org/public/products/brochures/vlt_handout/] "The Very Large Telescope — The World’s Most Advanced Visible-light Astronomical Observatory handout", publisher=ESO, 2011.</ref>
Иако по големината на примарното огледало МГТ не е најголем (Гран Канарија, пречник 10,4 м; Кек, пречник 10 м), негова предност во однос на другите е тоа што поедините телескопски единици може да се сложат во интерферометар, давајќи им на астрономите можност за посматрање на небото до најситни детали, како да го посматраат низ многу поголем телескоп.
За секој интерферометар многу е битна оддалеченоста на која можеме да го поставиме телескопот и колку таа оддалеченост е поголема, толку и ефикасноста на снимање е подобра. Максималната оддалеченост за МГТ изнесува 200 метри, додека за опсерваторијата Кек на Хаваите, исто така една од водечките опсерватории, таа оддалеченост изнесува 85 м. Кога се користи како интерферометар, МГТ дава и до 25 пати поквалитетна слика, а светлинските зраци собрани во поедините телескопи се сложуваат во подземен систем од тунели кои се наоѓа многу сложени оптички системи. На тој начин со помош на интерферометарот ја добиваме конечната слика.
|