Разлика помеѓу преработките на „Инвестициска банка“

с
Јазично подобрување, replaced: индивидуални → поединечни (4)
с (Правописна исправка, replaced: се со цел → сè со цел)
с (Јазично подобрување, replaced: индивидуални → поединечни (4))
 
# ''Осигурителна функција'' – Кога инвестициската банка му гарантира на клиентот дека ќе ги откупи неговите хартии од вредност по фиксна цена, се вели дека таа ја потпишува (осигурува) понудата на хартии од вредност (underwriting). Доколку инвестициската банка одреди превисока [[цена]], таа е изложена на ризик, во случај да не биде во состојба да ги продаде хартиите од вредност по цена доволна за да ја покрие гарантираната фиксна цена. Од друга страна, ако банката понуди многу ниска цена, т.е. ги потцени хартиите од вредност, тогаш таа ќе биде победена од своите конкуренти, кои ќе понудат повисоки гарантирани цени. Заради тоа, точното вреднување на хартијата од вредност е многу важно за успехот на банката. Инаку, инвестициската банка го остварува својот [[профит]] со продажба на нови хартии од вредност по цена повисока од нето цената која е гарантирана
 
# ''Дистрибутивна функција'' – Пласманот на новоиздадените хартии од вредност во рацете на конечните инвеститори е главна цел на дистрибутивната функција. Ефикасниот пласман подразбира мрежа за дистрибуција на финансиските инструменти. Поголем дел од новите хартии од вредност инвестициските банки го продаваат на [[институционални инвеститори|институционалните инвеститори]] ([[пензиски фондови]], [[осигурителни друштва]] и [[инвестициски фондови]]), но сепак тие развиваат и посебни канали преку кои хартиите од вредност ги пласираат до индивидуалнитепоединечните инвеститори. Со помош на [[интернет]]от, индивидуалнитепоединечните инвеститори имаат можност преку online сервиси постојано да бидат во тек со можностите на инвестирање.
 
== Други активности на инвестициските банки ==
Покрај активностите поврзани со издавањето на хартиите од вредност, инвестициските банки извршуваат и многу други активности, сè со цел да се прилагодат на потребите и трендовите на постоечките и потенцијалните клиенти. Така, инвестициските банки се активни и на секундарниот пазар на капитал, каде се ангажираат во инвестицискиот [[менаџмент]] (''investment management''), околу спојувањата или преземањата, при тргувањето и продажбата на хартиите од вредност, околу истражувања за сопствени и потребите на своите клиенти и слично.
 
''Инвестициски менаџмент'' – Во последните години, како последица на намалената [[профит]]абилност од примарната улога на инвестициските банки, како и нивната способност за анализа на хартиите од вредност и на фирмите кои ги издаваат, инвестициските банки се ориентираа кон бизнисот со инвестициски менаџмент. Тие се ангажираат на различен број начини: преку давање на индивидуалнипоединечни услуги од областа на инвестицискиот менаџмент на многу богатите клиенти, познато како [[приватно банкарство]] (''private banking''); собирање средства на индивидуалнитепоединечните инвеститори и фирмите за заедничко вложување во некој инвестициски фонд; консултантски услуги во поглед на инвестициските стратегии и можноста за инвестирање и слично.
 
Со самиот влез на инвестициските банки во инвестицискиот менаџмент се отвора простор за судир на нивните интереси со оние на нивните клиенти. Оттука, за да ги намалат сомневањата околу можните малверзации, инвестициските банки подигаат т.н. [[кинески ѕид]]ови (Chinese walls) помеѓу бизнисот со потпишување на хартии од вредност и бизнисот со инвестициски менаџмент.<ref>Михаил Петковски, ''Финансиски пазари и институции'', Скопје: Економски факултет, 2009, стр. 361.</ref> На пример, вообичаено е кај инвестицискиот менаџмент да постои политика сите купувања или продавања на хартии од вредност да бидат задолжително извршени преку надворешен дилер или брокер. На овој начин, и покрај тоа што се намалуваат предностите во однос на конкурентите, исто така се ублажуваат и некои од можностите за малверзации.