Хордови: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазично подобрување, replaced: Систем за дишење → Дишен систем
с →‎Хорда: Јазично подобрување, replaced: индивидуалниот → поединечниот
Ред 19:
Хорда, односно ''chorda dorsalis'' (на [[Англиски јазик|англиски]] наречена ''нотохорд'' - notochord) е името кое е дадено на главната одлика на хордатите. Таа функционира како [[ендоскелет]] и претставува едно долго, флексибилно стапче кое произлегува како испапчување на првобитното црево ([[архентерон]]). Токму затоа лежи над [[црево]]то и под нервната цевка. Хордата кај сите хордати подлежи на истата [[онтогенеза]] која е контролирана од [[Брахиури]]-генот. Не е можно да се одреди дали хордата првобитно се протегала само во опашниот дел или долж целото тело. Странично од хордата се расположени надолжни [[мускул]]и, кои кај првобитните хордати служеле за придвижување. За време на онтогенезата, хордата минува низ стадиумот ,,пари во фишек‘‘, при што се состои од дисковидни притиснати клетки. Хордата на [[амфиоксус]]от останува во овој стадиум за време на целиот живот и е опколена само од мускулни влакна. Кај ларвите од [[плаштари]]те и кај [[‘Рбетници|‘рбетниците]] се јавуваат простори меѓу клетките, кои кај ларвите на плаштарите образуваат континуиран канал опколен од епителни клетки. Хордата кај ларвите се протега само долж опашниот дел на телото. Хордата во текот на онтогенезата кај ‘рбетниците се заменува со [[‘Рбетен столб|‘рбетен столб]]. Остатоци од хордата кај вишите ‘рбетници се ''[[nuclei pulposi]]'' (пулпозни јадра) во [[Меѓупрешленски диск|меѓупрешленските дискови]].
 
Кај [[Жаба|безопашните водоземци]], како и кај некои групи на примитивни копнени ‘рбетници, вклучувајќи ги [[темноспондили]]те (''Temnospondyli'') и нижите [[влекачолики]] ([[антракосаури]]те), образувањето на прешленските тела во текот на индивидуалниотпоединечниот развиток може да биде забавено, така што кај [[фосил]]ите (покрај останатите [[Неотенија|неотениски]] одлики кај возрасните единки), може да се јави и хорда во вид на лента.
 
== Класификација ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Хордови