Беспокојство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Јазично подобрување, replaced: индивидуален → поединечен
Ред 31:
 
==Лечење на анксиозноста==
Лекувањето на анксиозноста вклучува [[лекови]], психотерапевтски третман без лекови, како и некои други процедури. Најчесто се спроведува комбинирана терапија, со примена на индивидуаленпоединечен пристап. Така, анксиозноста се третира со [[анксиолитици]], како: [[диазепам]], [[оксазепам]], [[бромазепам]], [[алпразолам]], [[лоразепам]] итн. Притоа, [[бензодиазепини]]те дејствуваат анксиолитички, антиконвулзивно, седативно и миорелаксирачки. Обично, овие лекови се поднесуваат добро, не се токсични и немаат пошироки индикации, а основната предност е во тоа што делуваат брзо, уште при првото земање на лекот. Од друга страна, најголемиот недостаток на овие лекови е тоа што пациентот развива толеранција така што со текот на времето е потребно да се зголемува дозата за да се постигне истиот ефект. Ако бензодиазепините се користат повеќе од 4-6 недели, до 40% од пациентите стануваат зависни од нив. Оттука, нивната употреба за лекување на анксиозноста треба да биде временски ограничена и внимателна, т.е. да се даваат што помали дози и во што пократко време.<ref name="ReferenceA">Е.Т.Е., „За да имате квалитетен живот, побарајте помош“, ''Здравје'', понеделник, 13 февруари 2017, стр. 8-9.</ref>
<br />
Следната група лекови што се користат при лекување на анксиозноста се [[антидепресиви]]те, од кои честа примена во долгорочниот третман на анксиозноста имаат SSRI (селективни инхибитори на повторно преземање серотонин), како што се: [[флувоксамин]], [[сертралин]], [[пароксетин]], [[циталопрам]] и [[есциталопрам]]. Овие лекови се безбедни, добро се поднесуваат и не предизвикуваат зависност. Притоа, според истражувањата, со нивната примена кај 72% од пациентите се обезбедува излекување во период од осум недели. Од другите антидепресиви, во лекувањето на анксиозноста се користат [[миртазапин]] и [[венлафаксин]], но често тие предизвикуваат привремено влошување на симптомите. Во поново време, помалку застапени во лекувањето на анксиозноста се трицикличните антидепресиви. Најпосле, во отретманот на анксиозноста се користат и други лекови, како: [[Бета блокатор|бета-блокаторите]], особено пропранолол, кои се користат при анксиозност проследена со кардиоваскуларни манифестации; [[антипсихотици|антипсихотиците]]те, кои се покажале ефикасни кај тешките и долготрајни форми на анксиозност, особено ако се комбинирани со други психички нарушувања, итн.<ref>Е.Т.Е., „За да имате квалитетен живот, побарајте помош“, ''Здравје'', понеделник, 13 февруари 2017, стр. 8-9.<name="ReferenceA"/ref>
<br />
Во третманот на анксиозноста се применува и [[когнитивно-бихејвиорална терапија]], која вклучува посебни техники на опуштање, на позитивно размислување, на когнитивно реструктурирање и развивање на социјалните вештини. Исто така, во третманот на анксиозноста се применува и индивидуална психотерапија, како: [[динамична психотерапија]], [[супоративна психотерапија]], [[групна психотерапија]] итн. Целта на [[психотерапија]]та е да се зајакне егото на пациентот и да се обезбеди приспособување кон промените во реалниот свет. Притоа, во динамичната психотерапија, на пациентот му се поставува некој проблем, а психотерапевтот му укажува на пациентот постојана грижа. Супоративната психотерапија се применува при лесни анксиозни нарушувања, во акутни емоционални кризи или кога другите форми на третман не постигнале поголеми резултати. Групната психотерапија е наменета за лица со ниска самодоверба, проблеми во комуникацијата и тешкотии во контролата на реакциите. [[Автоген тренинг|Автогениот тренинг]] е систем на вежби за физичка и ментална релаксација, со цел да се постигне контрола на автономниот нервен систем, а се применуваат и техники на визуелизација на пријатни ситуации.<ref>Е.Т.Е., „За да имате квалитетен живот, побарајте помош“, ''Здравје'', понеделник, 13 февруари 2017, стр. 9.</ref>
Ред 47:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Анксиозност| ]]
[[Категорија:Чувства]]