Јованка Радичевиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Професионална кариера: Македонски назив на предлошка, replaced: cite news → наведени вести
с →‎Професионална кариера: Јазично подобрување, replaced: индивидуален → поединечен
Ред 35:
Радичевиќ ја започнала професионалната кариера во екипата на „[[ЖРК Будуќност Подгорица|Будуќност]]“, во која провела осум сезони (2004-2011) при што освоила седум шампионски и седум титули во Купот на Црна Гора ([[2005]]-2011), две титули во Регионалната лига ([[2010]], [[2011]]) и две титули во Купот на победниците на куповите ([[2006]], 2010). Во 2011 година, Радичевиќ се преселила во составот на [[ЖРК Ѓер Ауди ЕТО|Ѓер ЕТО]] од [[Унгарија]] и двапати ги освоила шампионската титула и Купот на Унгарија, а во сезоната 2012-2013 со Ѓер ја освоила и Лигата на шампионите, откако една година претходно стигнала до финалето на ова натпреварување. Потоа, таа преминала во екипата на [[ЖРК Вардар|Вардар]] од [[Скопје]], при што двапати го освоила третото место во Лигата на шампионите.<ref>[http://www.zrkvardar.com/vesti/vardarki-po-vtorpat-na-piedestalot-na-f4 ЖРК „Вардар“ - официјална интернет-страница, „Вардарки по вторпат на пиедесталот на Ф4“ (посетена на 13.5.2015)]</ref><ref>[http://www.zrkvardar.com/vesti/vardar-povtorno-so-bronza-se-vrakja-od-budimpeshta ЖРК „Вардар“ - официјална интернет-страница, „Вардар повторно со бронза се враќа од Будимпешта“ (посетена на 9.5.2016)]</ref>
 
На 17 февруари 2018, Радичевиќ потпишала двегодишен договор со романскиот [[ЖРК ЧСМ Букурешт|ЧСМ Букурешт]] заедно со својте српски соиграчки од Вардар [[Андреа Лекиќ]] и [[Драгана Цвијиќ]].<ref>[http://www.ehfcl.com/en/women/News/030238/Ambitious_CSM_sign_Vardar_trio Ambitious CSM sign Vardar trio]</ref> Со романскиот клуб го освоила [[Куп на Романија во ракомет за жени|Купот на Романија]], со победата над [[ЖРК СЧМ Рамнику Валчеа|Рамнику Валчеа]] во финалето во кое таа била најефикасна ракометарка со 9 постигнати гола. По одличната сезона на индивидуаленпоединечен план во ЧСМ добила неколку награди како што се изборот за најдобро десно крило во романската Лига Национала, а исто така се нашла и во [[Лига на шампиони во ракомет за жени 2018-2019#Ол-Стар Тим|Ол-Стар тимот на Лигата на шампионите]].
 
Во јануари 2019, Радичевиќ заедно со својата сонародничка од ЧСМ [[Мајда Мехмедовиќ]], потпишале договор со [[ЖРК Будуќност Подгорица|Будуќност]].<ref>{{наведени вести|url=https://topsport.mk/rakomet/radichevikj-i-mehmedovikj-se-dogovorile-so-budukjnost/|title=Радичевиќ и Мехмедовиќ се договориле со Будуќност|publisher=topsport.mk|date=24 јануари 2019|accessdate=24 октомври 2019}}</ref> Така таа по осум години играње во странство се вратила во клубот во кој ја започнала својата кариера.