Слобода на говорот: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Слобода на говор, разлики во мислења и вистина: Исправка на латинични букви помешани меѓу кириличните, replaced: Oт → От
с Јазична исправка, replaced: индивидуата → поединецот (3)
Ред 42:
Правото за печатење беше ограничено на два универзитета и на 21 постоечки печатари во градот Лондон кои имаа 53 машини за печатење. Откако британската круна ја презеде контролата врз печатењето во 1637 година, печатарите пребегаа во Холандија. Конфронтациите со властите ги направија печатарите да станат радикални и насилни , со 800 автори, принтери и продавачи на книги кои беа затворени во Бастилја, во Париз пред таа да биде нападната во 1789 година.
 
Серија на англиските мислители почнувајќи со Џон Милтон (1608-1674), потоа Џон Лок (1632-1704) и кулминирајќи со Џон Стујарт Мил (1806-1873) ја развија идејата - право на слобода на говор. Лок јаго воспостави индивидуатапоединецот како единица на вредност и носител на правата за живот, слобода, имот и остварување на среќа. Улогата на владата беше да ги чува овие права и согласно со тоа прво, да ги вгради во Уставот на Соединетите Американски Држави, со Првиот амандман додавајќи ја гаранцијата дека „Конгресот нема да донесува закон... со кој се крати слободата на говор или на печат“. Џон Стујарт Мил тврдел дека човечката слобода е добра и дека без неа нема да има напредок во науката, правото или пак политиката, за која пак, според Мил е потребна слободна дискусија на мислење. Миловата книга „За слободата“, издадена во 1859 година, стана класична одбрана на правото на слобода на говор. Мил тврдеше дека вистината ја поништува погрешноста и затоа слободниот израз на идеи, вистински или лажни, не треба да стравува. Вистината не е стабилна или фиксирана, но се развива со време. Мил вели дека многу од она што сме го сметале за вистина излегло лага. Затоа погледите не треба да бидат забранети заради нивната очигледна погрешност. Мил исто така смета дека слободната дискусија е потребна за да ја спречи „длабоката дремка на одлученото мислење“. Дискусијата би го придвижила маршот на вистината и со согледувањето на погрешните гледишта би била реафирмирана основата на вистинските гледишта.
 
Во биографијата за Волтер на Евелин Беатрис Хал, таа ја потенцира оваа фраза за да ги илустрира верувањата на Волтер: „Не се согласувам со тоа што го зборуваш, но ќе го бранам до смрт твоето право да го зборуваш тоа .“ Цитатот на Хал е често цитиран за да се опише принципот на слободата на говорот. Во 20 век Ноам Чомски изјавува: „Ако веруваш во слобода на говор, тогаш веруваш во слобода на говор за погледи на свет кои не ги сакаш. На пример, Сталин и Хитлер биле диктатори во корист на слобода на говор на погледи кои тие ги сакале и нив им биле оправдани. Ако ја сакаш слободата на говор тоа значи дека ја сакаш слободата на говор само за погледи коишто ги презираш.“ Професорот Ли Болингер тврди дека „принципите за слобода на говор вклучуваат посебен чин на изразување на една област на социјална интеракција со невообичаена воздржаност, чија цел е да развие и покаже социјален капацитет за контрола на чувства пројавени низ голем број на социјални средби.“ Болинг тврди дека толеранцијата е посакувана вредност ако не и основна вредност. Но сепак критичарите сметаат дека општеството треба да биде загрижено за оние кои директно ја одбиваат или ја застапуваат преку, на пример геноцидот, (види „ограничување на слободата на говор“). Рамковната одлука за расизам и ксенофобија на Европската Унија гласи дека негирањето или грубата тривијалност на „злосторства на геноцидот“ треба да бидат „казнети во сите земји членки на ЕУ“. Негирањето на холокаустот е нелегално во 16 земји: Австрија, Белгија, Чешка Република, Франција, Германија, Унгарија, Израел, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Словачка и Швајцарија. Во 2007 година Уставниот суд на Шпанија донесе одлука дека негирање на холокаустот е заштитено со правото на слобода на говор, а негово казнување според кривичниот закон е неуставно, но не е дозволено и оправдувањето на холокаустот.
Ред 58:
== Општествени односи и заедницата ==
 
Ричард Мур разви полемика околу тоа дека вредноста на слободата на говорот и слободата на изразувањето лежи во социјалните интеракции. Мур пишува дека „Со комуникација индивидуатапоединецот формира односи и здруженија со другите - фамилии, пријатели, соработници, црковни организации. Со впуштање во дискусија со останатите, индивидуата партиципирапоединецот учествува во развојот на знаењето и на развојот на задницата.
 
== Ограничувања за слобода на говорот ==