Влекачи: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазично подобрување, replaced: рептили → влекачи (9), Рептили → Влекачи
Ред 18:
}}
 
'''Влекачи''', '''влечуги''', '''рептиливлекачи''' ([[Латински јазик|лат.]] ''Reptilia''), — група на [[‘Рбетници|‘рбетни]] [[животни]] во која спаѓаат [[Змија|змиите]], [[гуштер]]ите, [[Желка|желките]], [[крокодил]]ите, [[туатара]]та, како и бројни изумрени [[фосил]]ни видови. Меѓу рецентните форми постојат околу 2,500 видови на змии, 3,000 видови на гуштери, близу 250 видови на желки и тортоизи и 21 вид на крокодили. Тие се распространети низ умерените и тропски региони на светот; сите се ладнокрвни (зависни од околината во однос на топлината на телото), а само неколку влекачи можат да живеат во ладните региони. Науката чиј предмет на проучување е оваа група на животни се нарекува [[херпетологија]].
 
== Основни карактеристики ==
 
Мнозинството од влекачите се овипарни (младите се изведуваат од јајца), но многу змии и гуштери се вивипарни (раѓаат живи младенчиња). Постоечките влекачи се карактеризираат со развитокот на две [[ембрион]]ални мембрани: заштитен [[амнион]], или јајцева торбичка, и респираторен [[алантоис]], или васкуларна фетална мембрана. Амнионот, кој го имаат сите влекачи, [[птици]] и [[цицач]]и, оневозможува исушување на [[Јајцејајце клетка|јајце клетката]]та, па така раните стадиуми од животниот циклус на животното не се зависни од вода. Кај повеќето змии и некои гуштери, функционален е само еден [[бел дроб]]; кај другите влекачи се развиени и двата бели дробови. Тораксот и абдоменот не се одделени со [[дијафрагма]], а [[дишење]]то се довршува со [[мускул]]ите на телесниот ѕид.
 
Бидејќи се ограничени со температурата на својата животна средина, рептилитевлекачите [[Хибернација|хибернираат]] во региони каде зимата е студена, а некои видови [[Естивација|естивираат]], односно стануваат неактивни во исклучително топли и суви региони. РептилитеВлекачите се познати како ладнокрвни животни, што не е сосема точно, бидејќи некои рептиливлекачи кога се активни ги одржуваат своите тела на повисока температура отколку онаа кај повеќето цицачи. Важна разлика во температурната физиологија е таа што влекачите зависат од надворешните извори на топлина, додека птиците и цицачите користат внатрешна топлина. Влекачите ја регулираат својата телесна температура со искористување на различни извори на надворешна топлина, како што е директната сончева светлина, топли камења и дрва, како и загреаната [[почва]]. На ваков начин, одредени видови влекачи ја одржуваат константната внатрешна температура специфична за самиот вид. Често оваа температура е доста повисока од температурата на околниот [[воздух]]. Само кога животното е неактивно или спие, неговата телесна температура е приближно иста како таа на животната средина.
 
[[Скелет]]от на рептилитевлекачите е речиси целосно окоскен (не‘рскавичен). Черепот е приврзан за [[‘Рбетен столб|‘рбетниот столб]] со единечен кондил, или [[зглоб]], исто како кај птиците. Ребрата на тораксот се прикрепени за [[Градна коска|градната коска]], а кога е присутен [[сакрум]] (коска на карлицата), сакралните ребра артикулираат со карличниот појас. Можат да бидат присутни два целосни пара на екстремитети или, пак, тие може да се редуцирани или да отсуствуваат, како што е кај змиите и некои гуштери. [[Кожа]]та е покриена со лушпи и коскени плочки кои може да се расположени под кожата.
 
[[Срце]]то на влекачите се состои од три комори, вклучувајќи и две [[Аурикула|аурикули]] и една [[вентрикула]]. Сепак, кај крокодилите, вентрикулата е речиси целосно одделена на две комори со септа (преграда). И двата ембрионални [[Аорта|аортни]] лаци (одредени артериски гранки најдени во ембрионите на ‘рбетниците) се задржале кај влекачите, во споредба со птиците и цицачите, кај кои се развива само еден. [[Крв]]та од [[Вена|вените]] се враќа во срцето од опашката и задните екстремитети, преку [[Бубрег|бубрезите]], од страна на бубрежен портален (венско-капиларен) систем; крвта од абдоменот се враќа од страна на портален систем кој минува низ [[Црн дроб|црниот дроб]]. [[Мочен меур|Мочниот меур]] е присутен само кај желките, тортоизите и гуштерите.
Ред 32:
== Класификација ==
 
Најраните влекачи се појавиле за време на доцниот карбониферен период од [[палеозоик]]от. Повеќето форми еволуирале и развиле во [[мезозоик]]от, кој е познат и како Време на рептилитевлекачите. Оттогаш голем дел од рептилни видови се изумрени; само 5 од 23-те реда на влекачи кои постоеле и денес имаат живи претставници. Најпознатите редови следат подолу.
 
=== Ред Rhynchocephalia: туатари (хатерии) ===
Ред 42:
=== Ред Squamata: гуштери и змии ===
 
 
Овој ред ја сочинува најголемата група на живи влекачи и содржи околу 5,500 видови на гуштери и змии. Исто така содржи и одредени изумрени форми наречени [[Pythonomorpha]] кои имале змијовидни тела и гуштеровидни екстремитети.
Ред 50 ⟶ 49:
[[Податотека:Terrapene_carolina_major.jpg|thumb|left|[[Кутијна желка]], ред ''Testudines''.]]
 
Овој ред, наречен уште и ''Testudines'', бил веќе издиференциран од другите рептиливлекачи уште во [[тријас]]от и денес ги сочинува желките и тортоизите. Видовите од овој ред се единствени по тоа што имаат долги и рамни ребра над кои се наоѓа оклопот од остри лушпи. Бидејќи телесните ѕидови се ригидни од коскениот штит, овие животни мораат да дишат преку процес сличен на голтањето, наместо да ги користат мускулите на телесниот ѕид.
 
=== Ред Crocodilia: крокодили, алигатори, кајмани и гавиали ===
Ред 66 ⟶ 65:
[[Податотека:Brachiosaurus-brancai jconway.jpg|thumb|left|''[[Брахиосаурус]]'', ред ''Saurischia''.]]
 
Добро познатите диносауруси припаѓале на овие редови на долговратести и долгоопашести рептиливлекачи кои најпрво се појавиле во тријасот. Тие станале чести во подоцнежните периоди, сѐ до крајот на мезозоикот, кога изумреле (освен птиците).
 
=== Ред Pterosauria ===
Ова е група на изумрени летачки рептиливлекачи кои биле роднини на диносаурусите.
 
=== Ред Therapsida ===
Членовите на овој изумрен ред се познати како “цицачовидни рептили”влекачи”, бидејќи се предци на цицачите. Тие постоеле за време на [[перм]]от и тријасот.
 
==Влекачите како тема во уметноста и во популарната култура==
Ред 82 ⟶ 81:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Влекачи| ]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Влекачи